Безразмерна мрежа

Безразмерна мрежа (англиски: scale-free network) — посебен вид на сложена мрежа. Многу „реални мрежи“ припаѓаат на оваа категорија. Поимот „реални мрежи“ се однесува на било кој феномен кој ги има теоретските одлики на мрежа (на пр. друштвена мрежа, компјутерска мрежа, невронска мрежа, епидемија).

Кај безразмерните мрежи, некои јазли се однесуваат како „силно поврзани центри“ (со голем степен), иако поголемиот број на јазли се со мал степен. Структурата и динамиката на безразмерните мрежи се независни од големината на системот N, што претставува број на јазли кои ги има системот. Со други зборови, мрежа која е безразмерна ќе ги има истите одлики без разлика на бројот на јазли кои ги има. Овие мрежи се карактеристични по тоа што распределбата на степените е според Yale-Simon распределбата - врската за законот за степен кој е дефинирана со

каде веројатноста P(k) дека јазолот во мрежата е поврзан со k други јазли е приближно пропорционална со k−γ и оваа функција дава приближно добри резултати за набљудуваните податоци. Коефициентот γ може да варира апроксимативно од 2 до 3 за повеќето реални мрежи, но сепак во некои случаи неговата вредност може да биде и помеѓу 1 и 2 [1].

Наводи

уреди
  1. Seyed-allaei, Hamed; Ginestra Bianconi, Matteo Marsili (2006). „Scale-free networks with an exponent less than two“. Physical Review E. 73: 046113. doi:10.1103/PhysRevE.73.046113.