Барун (река)
Барун (англиски: Barun River, непалски: बरुण नदी ) е река на исток од централниот дел на Непал, десната притока на реката Арун .
Потекнува од ледникот Барун во подножјето на планината Макалу - петтиот највисок осумилјадар [1]. Тече главно во источен и југоисточен правец. Барун е дел од системот на реката Коси, кој ги вклучува главните реки Арун, Тамур, Сун Коси, Индравати, Дуд Коси и Бола Коси. Спојувајќи се, сите овие реки ја формираат реката Сапт-Коси, која се пробива низ гребенот Махабхарат и навлегува во Гангската рамнина[1][2].
На киратскиот јазик, реката се нарекува Чукчува. Истражувањата покажале дека овие места првично биле населени од народите Меваханг, Јамфу и Кулунг (дел од етничката група Кират)[се бара извор] .
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Negi, Sharad Singh. „Himalayan rivers, lakes and glaciers“. Kosi River System, p. 89. Google books. Архивирано од изворникот на 2012-10-25. Посетено на 2010-05-14. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help) - ↑ Bahadur, Jagdish. „Himalayan snow and glaciers: associated environmental problems, progress“. Kosi, p. 90. Google books. Архивирано од изворникот на 2012-10-25. Посетено на 2010-05-14. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help)