Барографметеоролошки инструмент за регистрација на промените на атмосферскиот притисок. Работи на принципот на барометар кому му е додаден уред за регистрација.

Барограф во куќиште
Анероидни капсули поврзани со писалка
Барограф без куќиште

Видови барографи

уреди

Како и барометрите, барографите се делат на метални и барометри со жива.

Метален барограф

уреди

Металниот барограф според Ришар се состои од неколку споени анероидни капсули со кои е поврзана писалката. Промените на притисокот вршат промена на димензиите на капсулите и писалката ги бележи промените на хартиена лента обвиена околу валјак. Валјакот многу бавно ротира со помош на сатен механизам и на овој начин се добива постојан запис.

Валјакот се врти еднаш дневно или еднаш седмично, зависно од изведбата на уредот. Добиената крива се нарекува барограм.

Живин барограф

уреди

Живините барографи се поточни. Тие имаат пливка на површината на живата споена со писалката. Површината на живата ја менува висината зависно од атмосферскиот притисок. Постојат и конструкции на живини барографи на принципот на вага, или отчитување на висината на живата на фотоелектричен или фотографски начин.

Употреба

уреди

Барографот се користи во метеоролошки станици, а при аеролошки мерења тој е составен дел на метеорографот. Исто така се користи и во авионите за мерење на висината.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Литература

уреди
  • Војна енциклопедија, Београд, 1970., књига прва, pp. 494.