Барва (вулкан)

вулкан во Костарика

Барва – комплекс од андезитски стратовулкани во Костарика, 22 km северно од Сан Хосе во провинцијата Хередија. На источната страна на планината во вулканскиот кратер е формирано езеро наречено Лагуна де Барва, а на западната страна на врвот има три брда кои се наречени Трите Марии (Las Tres Marías).[1]

Барва
Трите Марии
Las Tres Marías
Лагуната Барва, едно од трите кратерски езера на вулканот
Највисока точка
Надм. вис.2.906 м [1]
Координати10°08′06″N 84°06′00″W / 10.13500° СГШ; 84.10000° ЗГД / 10.13500; -84.10000[1]
Друго имеТрите Марии
Las Tres Marías
Географија
Барва на карта

Карта

МестоХередија, Костарика
Матичен венецЦентрални Кордиљери
Геологија
Видсложен
Последен избув6050 п.н.е. ± 1000 години[1]

Барва има неколку избувни центри на нејзиниот врв и дост паразитски конуси на боковите. Нејзините три главни врва кои се гледаат од централната долина ѝ го дале локалното име Las Tres Marías.

Четири пирокластични конуси се наоѓаат во калдерата со димензии 2 x 3 км во централниот и северозападниот дел од врвот. Југозападниот врв има четири конуси од кои еден има кратерско езеро.[1]

Последен потврдена еруптивна активност на вулканот Барва датира од пред 8.050 години. Имало тврдење за избуви во 1760-тите и во 1867 година, но истражувањата на локацијата не пронашле докази за потврда на овие тврдења.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Barva“. Глобална програма за вулканизмот. Смитсонова установа. (англиски)

Литература

уреди