Барбара Харди(еколог)
Барбара Харди или Барбара Розмари Харди (родена на 31 март 1927 година) е австралиски екологист и научник. Таа е покровител на институтот Барбара Харди, поврзан со Универзитетот во СА. Институтот Барбара Харди истражува нискојаглеродно живеење и одржлива енергија.[1] [2] Нејзините истражувачки интереси вклучуваат и обновлива енергија, зачувување на биолошката разновидност и еколошки одржлив развој.[3]
Биографија
уредиХарди е родена во заливот Ларгс, Јужна Австралија. Таа го завршила своето средно образование во женското училиште Вудлендс на 16-годишна возраст и се запишала на факултет за наука на Универзитетот во Аделаида.[4] Подоцна студирала на Универзитетот Флиндерс.[5] Харди волонтирала во областа на животната средина од 1970-тите. Барбара Харди се омажила за Том Харди, во семејство кое се занимавало со вино и јахти.
Харди волонтирала во Советот за заштита на природата, почнувајќи од 1972 година, а потоа се запишаla на дипломскиi по науки за земјата на Универзитетот Флиндерс, во 1972 година. Харди работела со министерот за животна средина, Дејвид Вотон, во 1970-тите и 1980-тите. Таа има работено за Австралиската комисија за наследство, Landcare, Фондацијата за национални паркови и Центарот за наука и технологија.[6] [7] Харди е исто така покровител на Фондацијата за природа во Јужна Австралија.[8]
Нејзиниот фокус е еколошки одржлив развој, производство на обновлива енергија и биолошка разновидност.[6] На Универзитетот во Јужна Австралија, Харди била основачки член на одборот на Sustainable Systems and Technology. Таа потоа станала покровител на Институтот Барбара Харди, на Универзитетот во Јужна Австралија. Таа е застапник и на граѓанската наука, каде научните проекти имаат учество од членови на заедницата, во соработка помеѓу членовите на јавноста и научниците. Таа верува дека кога на членовите на заедницата им се слуша гласот, тоа може да влијае на нивното однесување и ставови.[9] Таа е соработник на Австралискиот институт за енергија.[10]
Харди била еден од првите 50 највлијателни екологисти на СА[11] и исто така се вклучила во натпревар за етикети за вино Барбара Харди, за дизајнирање етикета за шишиња шираз.[12] [13]
Награди
уреди- 2011 - Фестивалот на идеи во Аделаида бил посветен на Харди
- 2011 година - Државната библиотека на СА содржел приказ на работата на Харди
- 2010 – Почесен степен на Универзитетот во Аделаида[6] [7]
- 1993 – Почесен степен на Универзитетот Флиндерс
- 1992 – Медал на Институција на инженери[14]
- 1994 – Награда Еурека за унапредување на науката[14]
- 1996 – СА Сениор Австралиец на годината[15]
- 1987 – Службеник на Орденот на Австралија за „услуга за зачувување и заедницата“[3] [16] [17]
Наводи
уреди
- ↑ Albert, Barbara (2017-08-16). „Universities demonstrating sustainable energy leadership“. 100% Renewables (англиски). Посетено на 2021-12-06.
- ↑ „Hardy Institute“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-01-21. Посетено на 2022-02-16.
- ↑ 3,0 3,1 Miles, Sally (2011-11-25). „Life Member Profile: Barbara Hardy AO“. Australian Science Communicators (англиски). Посетено на 2021-12-07.
- ↑ „Hardy, Barbara Rosemary (1927–)“. Australian Women's Register. Посетено на 2021-12-07.
- ↑ „Professorial Chairs“. Future Industries Institute (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-12-07. Посетено на 2021-12-07.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 „AdelaideAZ“. adelaideaz.com. Посетено на 2021-12-06.
- ↑ 7,0 7,1 „Hardy, Barbara Rosemary, (AO) (1927–)“. trove.nla.gov.au. Посетено на 2021-12-06.
- ↑ „Nature Foundation“. Nature Foundation (англиски). Посетено на 2021-12-07.
- ↑ Australia, State Library of South. „LibGuides: Barbara Hardy: The Barbara Hardy Institute“. guides.slsa.sa.gov.au (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-12-06. Посетено на 2021-12-06.
- ↑ Queensland), Australian Institute of Energy. National Conference (1984 : University of (1984). Broadening Australia's energy perspective : conference papers. Australian Institute of Energy. OCLC 216377431.
- ↑ „Adelaidenow.com.au | Subscribe to The Advertiser for exclusive stories“ (англиски). Посетено на 2021-12-07.
- ↑ „Hardy prize“ (PDF).
- ↑ „Nature Foundation Barbara Hardy Shiraz“. Bec Hardy Wines (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-12-07. Посетено на 2021-12-07.
- ↑ 14,0 14,1 „Hardy, Barbara Rosemary“. Encyclopedia of Australian Science (англиски). Посетено на 2021-12-07.
- ↑ „Women's Museum of Australia“. wmoa.com.au. Архивирано од изворникот на 2021-12-07. Посетено на 2021-12-07.
- ↑ „Mrs Barbara Rosemary Hardy“. It's an Honour. Посетено на 2021-12-07.
- ↑ „Adelaide Univerity records“ (PDF).