Балморал
кралски замок во Шкотска
Замокот Балморал е резиденција на британското кралско семејство во Абердиншир, Шкотска. Се наоѓа во близина на селото Крати, 14 km западно од Балатер и 80 km западно од Абердин.
Имотот и правобитниот замок кои припаѓале на семејството Фаркухарсон, биле купени од страна на принцот Алберт, сопругот на кралицата Викторија, во 1852. Куќата била мала, и наскоро била започната изградба на новиот замок. Архитект бил Вилијам Смит од Абердин.