Бадухава ― термин кој означувал повеќе видови даноци, глоби или такси. Во бадухава се вбројувале: ресми-арус, џурм ве-џинает, ресми-тапу, ресми-тутун, качкун и други. Овие даноци ги плаќале и муслиманите и христијаните, како и припадниците на воениот ред и рајата. Во Турското Царство спаѓала во слободни ресуми, односно припаѓала во целина на носителот на имутетното добро. Најважна ставка во оваа група приходи бил диетот - крвнината, од која една половина му се давала на оштетеното лице, а другата на носителот на имунитетното добро. [1]

Наводи

уреди
  1. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 57. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)