Бадр Хари
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Бадр Хари (роден на 8 декември 1984 во Амстердам, Холандија) е мароканско-холандски супер кик боксер во тешка категорија, кој се бори надвор од салата на Мајк во Амстердам. Тој е поранешен К-1 шампион во тешка категорија (2007-2008) и К-1 светски финалист во Гран При во 2009 година. Од јули 2012 година, Хари е рангиран на 2 место во тешка категорија во светот од страна на LiverKick.com. Хари е истакната личност во светот на кик боксот и се смета за еден од најдобрите кик боксери во светот, сепак, тој е вклучен во голем број контроверзии во врска со неговото "неспортско однесување" и направени кривични дела на насилство надвор од рингот.
Тој беше дисквалификуван во финалето на К-1 Светскиот ГП, 2008 поради "неспортско однесување" против Реми Бонјански. Во мај 2009 година тој го победи Семи Шилт во првиот круг и стана првиот светски шампион во тешка категорија. Сепак, тој ја изгуби оваа титула кога повторно беше дисквалификуван за другo неспортско однесување против Хесди Гергес на That’s Showtime во 2010 година во Амстердам. Настрана од спортот, тој од 2006 година беше уапсен неколку пати за различни обвиненија за физички напад.
Хари е официјално пофален од страна на кралот на Мароко, Мохамед Шести, во 2009 година за неговите извонредни достигнувања во спортот. При крајот на 2011 година, Хари објави дека ќе го напушти кик боксот во 2012 година, за да започне кариера во бокс. Неговиот проштален натпревар се одржа на 28 јануари, 2012 година против Гокам Саки, кого го победи во првиот круг.
Ран живот
уредиРоден во Амстердам, Бадр Хари започна со кик боксот на возраст од седум години, а го тренираше поранешниот светски шампион Моусид Акамран. Како тинејџер тој тренираше во салата Sitan на Мухамед аит. Хасо. Кога салата Sitan се премести во Ротердам, тој се запиша во познатата сала Chakuriki која ја држеше Том Харик. Според Харик, Хари се разви во еден од најголемите таленти во кик бокс во Холандија. Бадр Хари се бореше со холандското знаме сè додека не го изгуби натпреварот против Стефан Леко во 2005 година. Тоа беше прв пат неговите родители да присуствуваат на една од неговите борби и тој го побара микрофонот за да и каже неколку зборови на холандската публика. Хари не можеше да се разбере бидејќи публиката постојано викаше “уууууу”, по што Хари беше цитиран велејќи: "Си помислив, никогаш не сум бил сведок на ваква неблагодарност". Од тој ден Хари одлучи да го претставува Мароко и престана да работи со Том Харик. Мајк Пасениер стана неговиот нов тренер.
Контроверзии
уредиОсуден во 2006 година за физичко малтретирање на соседите на неговата поранешна девојка
- Во 2010 година тој се поврзуваше со физичкото малтретирање на телохранителот на еден клуб во Амстердам. Тоа не беше осуден.
- Во 2012 година, сопственикот на клуб во Амстердам, Јероен ван де Берг, покрена извештај за физичко малтретирање против Бадр Хари. Малтретирањето се случило пред една година во Клубот “Air”. Истрагата е сè уште во тек.
- По „Sensation White“, холандскa забава во арената Амстердам, борецот Бадр Хари повторно се појави во вестите. Наводната причина е сериозно злоупотребување на еден холандски стопанственик. Случајот се уште е под истрага.
- На 25 јули 2012 година, Бадр Хари доброволно отиде во полицијата во Амстердам. Сега тој е официјално означен како осомничен за вкупно шест случаи, а неговиот притвор беше продолжен неколку пати (14 дена и 90 дена).
Кон крајот на октомври 2012 година, додека Хари беше во притвор, се водеше обвинителен акт кој содржеше девет кривични пријави против него. Осум кривични дела за насилство и еден сообраќаен прекршок. Сообраќајниот прекршок се однесува на инцидентот во март 2010 година, кога еден пешак се здоби со повреди. Во осумте кривични дела за насилство се: обид за убиство на Коен Еверик, два напади во ноќениот клуб “Аir”, напад на братот на поранешнaта девојка во барот “Cooldown”, напад во клубот “Jimmy Woo”, напад на две лица, вклучувајќи една жена во јули 2011 година, и напад на портир во 2010 година
Почеток на кариерата
уредиДодека беше со тренерот Харик, Хари претрпе неколку загуби. Во 2003 година тој го замени Мелвин Mанхоеф во борбата со Алексиј, со најава од само неколку дена однапред. Хари ја загуби борбата со нокаут (удар во телото), но се здоби со многу почит со тоа што му се спротивстави на таков противник и во такви услови.
Во јануари 2005 година, Хари ја напушти салата Chakuriki и се приклучи кон тимот на Симон Рутц, It’s Showtime. После неколку месеци тренирање во салата Mejiro и се врати на таа на Харик, но после неколку недели пак ја напушти. Од тогаш, негов тренер е Мајк Пасениер, кој, исто така, ги обучувал и Џоери Мес, Бјорн Бреѓи и Мелвин Манхоеф.
Патот до К-1
уредиПатот кон слава на Хари започна со неколкуте натпревари против Стефан Леко во 2005 година. Првиот се одржа во It’s Showtime во јуни 2005 година. Хари, кој главно беше познат по тоа што зборува многу и бавно влегува во рингот, пред борбата почна да го провоцира стварајќи ушто поголема возбуда. Долгото влегување во рингот на Хари траело подолго од борбата, во која што тој беше нокаутиран со познатион знак на Леко, удар со свртување со нога. Хари ја доби својата шанса за одмазда во ноември 2005 година, кога тој влезе во К-1 Светскиот ГП турнир во 2005 година како резервен борец против Леко, каде стана дебитант на 20 години во К-1 Светскиот ГП. Хари го победи Леко со задавање удар со свртување со нога во вилицата во 01:30 во вториот круг. И покрај нивното ривалство, Хари му помогна на својот противник и го придружи зашеметениот Германец до аголот.
К-1 Нов Зеланд 2006
уредиВо 2006 Бадр Хари требаше да учествува во К-1 Светскиот Гран При во Амстердам на 13 мај 2006 година, но се бореше во К-1 Светскиот Гран При 2006-та во Окленд во Нов Зеланд, како замена во последна минута. Неговиот противник во првиот круг беше австралиецот Петар Греам “Шефот”. Хари уште еднаш ја покажа репутацијата на лошо момче со злоупотреба на Греам и отпочнување на тепачка на прес-конференцијата. Во вистинската борба, Хари беше победен со познатиот знак на Грахам "тркалезниот гром". Грахамовата пета тешко го удри Хари по главата и Хари падна на земјата. Ударот на Грахам му ја скрши вилицата на Хари на повеќе места па Хари го немаше неколку месеци.
Враќање на К-1
уредиХари се врати во рингот во конечна елиминација во К-1 Светскиот Гран При 2006 година во Осака, Јапонија против Руслан Караев. Караев му зададе удар на Бадр на десната страна, по што Хари зашеметен падна кај аголот, а потоа Караев зададе удар во лицето на Хари; на Хари почна да му се одбројува од страна на судијата, но веднаш потоа тој и неговата клупа започнаа да протестираат, тврдејќи дека ударот беше фаул. Кога судијата не одговори, Хари и неговата клупа предизвикаа немири и одбија да го напуштат рингот, сè додека не беа оттргнати од К-1 функционерите. Хари замина лут и ја уништи соблекувалната. Шест месеци подоцна, Хари беше награден со реванш против Русинот. Откако Караев го нокаутираше во вториот круг, Хари дојде при себе, и му зададе директен удар со десница во главата на Караев.
И покрај нокаутот, Хари повторно беше избран како резервен борец во К-1 Гран При 2006-та во финалето против Павел Словински. Тој победи во борбата со едногласна одлука. Хари потоа се бореше со данскиот натпреварувач Николас Петас во К-1 Премиум 2006-та динамитната екстраваганција и му го скрши левото рамо на Петас во вториот круг, со удар со ногата по глава. Хари ја доби својата одмазда против Караев на К-1 Светскиот ГП 2007 во Јокохама. Мечот помеѓу Караев и Хари беше една од двете борби за квалификување за титулата прв К-1 во тешка категорија, закажан за 28 април 2007 во Хаваи. Хари беше нокаутиран во вториот круг и само што стана способен да застане на нозе, Караев стави крај на борбата со удар кој го зашемети Хари и падна.
К-1 шампион во тешка категорија
уредиНа 28 април, во К-1 Светскиот ГП 2007 година во Хаваи, Бадр Хари и Јусуке Фуџимото се бореа за новововедениот појас во тешка категорија. Хари ја доби борбата во 56 секунди со удар во брадата. Со нокаут Хари стана првиот светски некогашен К-1 шампион во тешка категорија.
Хари доби шанса за одмазда против Питер Греам, чиј удар со вртење му ја скрши вилицата во 2006 година во Хонгконг во К-1 Светскиот Гран При. Со удар во телото, Греам падна, па Хари победи со едногласна одлука. По рундата, се чинеше дека Хари и Греам ги закопаа секирите, гушкајќи се еден со друг, иако и двајцата почнаа да се омаловажуват во прес-конференцијата после борбата.
Во септември 2007 година во конечната елиминација на К-1 Светскиот ГП 2007, Бадр Хари го победи шампионот во турнири во К-1 Светскиот ГП 2007 година во Лас Вегас, Даг Вини, со нокаут во вториот круг и се квалификуваше за првото финале во К-1 Светскиот ГП, одржано на 8 декември во Јокохама, Јапонија. Неговата победничката низа дојде до својот крај со загубата од Реми Бонјански, во текот на четвртина финалето.
K-1 Светскиот ГП 2008
уредиСите победи на Хари во 2008 година му беа со нокаут, поразувајќи ги Реј Шефо во Јокохама, Глауб Феитоса во Фукуока и Домагој Остојиќ во Хаваи. На неговата следна борба во Сеул тој се квалификуваше за К-1 Светската ГП 2008 Финале со нокаут победа над корејскиот гигант Хонг Ман Чои.
Во четврт-финалето на 6 декември, Хари три пати го порази К-1 Светскиот шампион Питер Аертс со нокаут во вториот круг. Во полуфиналето тој го нокаутираше Ерол Цимерман и се упати кон првото К-1 финале против Реми Бонјански. Откако доживеа минимален нокаут во првата рунда, Хари беше дисквалификуван во вториот круг заради неспортско однесување бидејќи продолжи да го гази и удира веќе соборениот Бонјански. Прво, судијата Нобуаки Какуда издаде жолт картон и одбивање во една точка. Во меѓувреме Хари продолжи да вика во аголот на Бонјански, и почна да се расправа со тренерот на неговиот противник, Иван Хиполит, кој потоа исто така му се приближи агресивно на Хари, но службениците спречија дополнителен физички контакт меѓу нив. Откако поминаа пет минути за опоравување, лекарот изјави дека Бонјански гледал дупло и не можел да продолжи. На Хари му беше издаден црвен картон и Бонјански беше прогласен за светски шампион во К-1 Светскиот ГП 2008-ма.
Во подоцнежните интервјуа Хари изјави дека Бонјански глумел, и дека "од клупата му довикнале да остане да лежи". На прес-конференцијата пред К-1 Светскиот Гран При 2009 во Јокохама, каде Алистер Оверим присуствуваше заедно со Бонјански, Оверим му предаде статуа на Бонјански која изгледаше токму како статуа за на оскар, што значеше дека Бонјански глумел.
Иако бројни јапонските медиумски извори претпоставуваа дека К-1 ќе го суспендира Хари на неодредено време, тој не беше суспендиран, но доби најстрога казна во историјата на К-1. К-1 му ја одзеде титулата за тешка категорија, неговата вицешампионска титула на турнирот, неговата паричната награда од турнирот и целосниот износ за својот хонорар за учество на турнирот.
Динамит! 2008
уредиИако имаше многу гласини за неговото и учеството на неговиот противник, конечно беше објавено дека Хари ќе се соочи со Алистер Оверим од МБВ(мешани боречки вештини) во тешка категорија во К-1 натпревар на екстравагантниот динамит на К-1 на новогодишната ноќ во 2008 година. Хари ја загуби борбата од нокаутен удар со лева рака во 02:02 во првиот круг. По натпреварот, Хари искоментира дека тоа ќе биде последен пат да учествува во динамит серија, и дека ќе се држи до stand-up борбите, за да никогаш нема меч во мешани боречќи вештини со Оверим.
2009
уредиВо мај 2009 година на It’s Showtime 2009 Амстердам, Хари се бореше со Семи Шилт во долгоочекуваниот меч за новововедената светска тешка категорија во It’s Showtime. Хари излезе многу агресивно и два пати го нокаутирал Шилт во првиот круг. Борбата беше стопирана по вториот нокаут и Хари ја зеде титулата во тешка категорија во 45 секунди. Симон Рутц, претседателот на It’s Showtime, го нарече ова како една од неговите омилени борби во историјата на шоуто.
Во септември 2009 година во К-1 Светскиот Гран При Финале 16, Хари повторно го искористи неговиот препознатлив удар со десницата во тело, за да постигне нокаут во првиот круг над Забит Самедов.
Во изборот за К-1 Светско финале во Гран При 2009, Хари избра да се бори по трет пат со Руслан Караев. Тој ги помина првите кругови од турнирот задавајќи им нокаути на Караев и Алистер Оверим во реванш, за да стигне до светското финале во Гран При во втората година против Семи Шилт. Во нивниот реванш Хари загуби со краен удар откако 3 пати беше нокаутиран во првиот круг.
2010
уредиНеговата прва борба во 2010 година беше на It’s Showtime 2010 во Прага во Чешка, каде Хари ја бранеше својата титула во тешка категорија што ја доби на шоуто, со нокаут во вториот круг над Мурад Боузиди. Во април, Хари го порази Алексеј Игнасов во К-1 Светскиот ГП 2010 во Јокохама. Борбата беше одлучувачка, првата победа на Хари без нокаут во последните 3 години.
It’s Showtime 2010 Амстердам
уредиТитулата од шоуто на Хари му беше повторно на ризик во борбата против неговиот поранешен колега од Чакурики, Хесди Гергес, во Амстердам во мај. Пред почетокот на натпреварот, тој во прес-интервју тврдеше дека негов противник на настанот требало да биде првично Реми Бонјански, но Бонјански одбил да се бори со Хари, изјавувајќи дека на Бонјански му било страв да не изгуби.
Настанот It’s Showtime Амстердам 2010, се одржа во арената во Амстердам во мај 2010 година. Хари доминираше во повеќето од првиот круг, удирајќи го Гергес многу пати. Хесди ги изненади сите ноќта со тоа што ја издржа казната. Во вториот круг Гергес се приближи, Хари енергично му зададе контра-напад и Гергес падна, а кога Гергес стануваше, Бадр Хари го удри го во лицето. Бадр повторно беше дисквалификуван и ништо не зборуваше на рингот откако Гергес беше прогласен за победник. Наместо тоа, неговиот тренинг партнер Мелвин Манхоеф им се извини на навивачите во име на Бадр, но беше исвиркуван од страна на публиката, поради лошото однесување на Хари. Гергес стана новиот шампион во тешка категорија на It’s Showtime.
2011
уредиПо борбата со Гергес, Хари зеде една слободна година надвор од кик боксот. Тој истакна дека тоа е по негов сопствен избор. Враќањето на рингот беше во It’s Showtime 2011 во Лион против францускиот кик боксер, Григориј Тони. Наместо да ја користи патеката за влегување во рингот, тој одлучи да оди преку неговите фанови кои му се восхитуваа, па така тој не можеше да стигне на време за борбата, бидејќи не беше во можност да дојде до рингот без обезбедување да ги држи неговите фанови настрана. Она што се очекуваше да биде голема борба за загревање за Хари, испадна да биде еднострана кога Хари, со леснотија, со краен удар го освои првиот круг со 3 брзи нокаути. Иако Бадр пројавуваше најголем интерес за реванш со Хесди Гергес за тешка категорија во It’s Showtime, беше објавено дека тој ќе се бори против Романецот Даниел Ѓита во Септември. Ѓита беше рангиран како еден од најдобрите 5 кикбоксери во светот но изгуби во одлучувачкиот меч против Гергес на почетокот на годината, но многумина сметаат дека било наместено и го гледаа како тежок противник за Хари.
Борбата никогаш не се случи, но сепак, и тој најави дека ќе се пензионира од кикбоксот и ќе се префрли на бокс. Тој истакна дека ќе се натпреварува во 2011 К-1 Светската Гран При во октомври и декември, и дека потоа ќе се соочи со Гокан Саки во Холандија на 28 јануари, 2012 година како негов финалнен натпревар. К-1 Светскиот ГП беше откажана поради финансиски потешкотии.
2012
уредиХари се соочи со Гокан Саќи во It’s Showtime 2012-та во Леуварден на 28 јануари 2012 во кик бокс натпревар. Тој го порази Саќи постигнувајќи три нокаути во првиот круг пред судијата да ја запре борбата, која му донесе крајна победа. Тој го победи Саќи за прв пат со апрекат. Вториот нокаот му беше со удар од десна страна. Конечно, тој му зададе апрекат по кој Саќи падна и се стави крај на борбата.
Во април 2012 година, новиот К-1 Глобал претседател Мајк Ким најави дека Хари ќе го направи своето враќање под знамето на организацијата. Првата борба на Хари беше на 27 мај, 2012 во Мадрид, Шпанија против Андерсон "Braddock" Силва. Хари ја освои рундата со едногласна одлука. Бадр Хари е предвиден да учествува во финалето за квалификации на К-1 во октомври во Азија и на К-1 Светското Гран При финале во Њујорк во декември. Неговото учество сепак беше откажана поради многу сериозен криминален напад за кој Хари ќе отслужува затворска казна.