Астроном (Вермер)

слика на Јан Вермер

Астроном (холандски: De astronoom) е слика масло на платно од холандскиот сликар Јоханес Вермер создадена во 1668 година[1].

Астроном
The Astronomer
Творец Јоханес Вермер
Година c. 1668
Димензии 51 см × 45 см
Место Лувр, Paris

Денес ова дело се вбројува меѓу попознатите на Вермер. Воедно според композицијата и севкупната ликовна атмосфера, ова дело ги следи неговите ликовни постулати [2].

Опис

уреди

На сликаталиката е прикажан маж на возраст од околу 30-ти години како интензивно го набудува небесниот свет во добро осветленото ателје. Ова е една од двете слики на Вермер, заедно со „Географот“, на кој е прикажан истиот модел . Насликани се и бројни предмети со прецизна и реалистичка точност и сите на неко начин претставуваа одредени симболи кои всушност ја претставуваат нарацијата, пораката и суштината на делото[3].

Стил

уреди

Сликата ги содржи основните стилски одлики на овој голем автор. Чувство за реалистички детали. Перспектива. Прецизност. Неверојатна игра и доловување на светлината. Поетско чувство за атмосферата - тивка ненаметлива, сконцентрирана. Често се споменува нејзината историја или нејзината позиција во рамките на историјата на уметноста но, не се разгледуваат симболите, композицијата, неверојатното сликарско толкување на мотивот и бројни други елементи кои се доказ за обмисленоста, анализата и филозофската ликовна постапка кај овој генијален автор[4].

Техника на сликање

уреди

Вермер спаѓа меѓу авторите кои го довеле до совршенство масленото сликарство. Бројните проучувања меѓу кои спаѓаат и ренгенски скенирања, и не само за ова негово дело, откриле употреба на чисти и добро обработени пигменти, точна и мајсторска употреба на врзива, масло, лак и други технолошки елементи кои најверојатно Вермер, самиот ги приготвувал според сопствените истражувања и потреба во ликовниот израз. Во ликовната постапка, покрај инсистирањето на реалниот приказ, точен и прецизен до еден совршен реалистички метод, Вермер инсистирал и на специфична употреба на светло темното, односно специфичната претстава на светлината, што зборува дека користел метод на лазурно поставување на колоритот во неколку транспарентни слоеви, со што постигнувал длабочина, специфична колористичка гама и педантност во изработката[5].

Влијание

уреди

Како и повеќето дела на овој мајстор, сликата била инспирација, патоказ и размисла на низа ликовни творци како и во развојот на самата ликовна уметност. Иако неговата слава и признание дошло подоцна, неговата ликовна заслуга е откриена малку подоцна, сепак, денес во многу сегменти, неговата ликовна постапка и порака е интензивно присутна. Поетиката, мислата, постапката, третманот на светлината, психологијата на моделите - најчесто женскиот лик и друго се содржината која е предмет на инспирација и ликовна поука за многу сликари. Во дваесеттиот век неговата постапка ќе биде основата за развојот на стилскиот правец хипер реализам како и надреализам.[6].

Библиографија

уреди
  • Ben Broos, Arthur K. Wheelock (Hrsg.): Vermeer. Das Gesamtwerk. Belser, Stuttgart 1995, ISBN 3-7630-2322-4.
  • Ann Jensen Adams u. a.: Leselust. Niederländische Malerei von Rembrandt bis Vermeer. Hatje, Stuttgart 1993, ISBN 3-7757-0475-2 (Katalog zur gleichnamigen Ausstellung vom 24. September 1993 bis 2. Januar 1994).
  • Katrin Leonhard: Das gemalte Zimmer. Zur Interieursmalerei Jan Vermeer. Fink, München 2003, ISBN 3-7705-3876-5.
  • Michael Maek-Gérard (Hrsg.): Johannes Vermeer, Der Geograph und der Astronom nach 200 Jahren wieder vereint. Städelsches Kunstinstitut und Städtische Galerie, Frankfurt/M. 1997 (Katalog zur gleichnamigen Ausstellung vom 15. Mai bis 13. Juli 1997).
  • Stefano Peccatori, Stefano Zuffi: Jan Vermeer. DuMont, Köln 1999, ISBN 3-7701-4546-1 (Berühmte Maler auf einem Blick).
  • Norbert Schneider: Vermeer sämtliche Gemälde. Taschen, Köln 2004, ISBN 3-8228-6377-7.
  • Arthur K. Wheelock: Vermeer. DuMont Literatur- und Kunstverlag, Köln 2003, ISBN 3-8321-7339-0 (DuMonts Bibliothek großer Maler).

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „The Complete Interactive Vermeer Catalogue“. Архивирано од изворникот на 2020-12-17. Посетено на 2020-12-01.
  2. „The Astronomer“. Архивирано од изворникот на 2021-01-26. Посетено на 2020-12-01.
  3. The Art of Painting by Johannes Vermeer[мртва врска]
  4. Johannes [Jan] Vermeer (1632–1675). The Astronomer (1668)
  5. The Astronomer
  6. „Johannes [Jan] Vermeer“. Архивирано од изворникот на 2020-11-09. Посетено на 2020-12-01.