Астероид од типот O

Астероиди од типот O — редок вид на астероиди со спектри слични на 3628 Божњемцова, кој е најодговарачки за спектрите на хондритните метеорити од L6 и LL6. Нивните спектри имаат длабока впивна одлика нешто подолга од 0.75 μм.[1]

Список

уреди

Типот O опфаќа седум астероиди според втората класификација по SMASS и ниеден од Толеновата. Со исклучок на главнопојасниот астероид 3628 Божњемцова, сите други тела се близуземски астероиди од аполонската, атонската или аморската група:

Име Класа Пречник (км) Наводи
3628 Божњемцова главнопојасни 6,914 ЦМП · JPL
4034 Вишну аполонски 0,42 ЦМП · JPL
4341 Посејдон аполонски 2 ЦМП · JPL
5143 Херакле аполонски 4,843 ЦМП · JPL
(8201) 1994 AH2 аполонски 1,859 ЦМП · JPL
(162385) 2000 BM19 атонски 0,57 ЦМП · JPL
1997 RT аморски 0,3 ЦМП · JPL
Пречник: само упросечени проценки; може да се промени со тек на време

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. S. J. Bus and R. P. Binzel, Phase II of the Small Main-belt Asteroid Spectroscopy Survey: A feature-based taxonomy, Icarus, Vol. 158, pp. 146 (2002).