Астероид од типот K
Астероиди од типот K — релативно редок вид на астероиди со умерено црвеникав спектар нешто покус од 0,75 μм, кој станува малку синикав на поголеми должини. Имаат мало албедо. Нивниот спектар е сличен на оној кај хондрититските метеорити од видовите CV и CO.
Во Толеновата класификација, овие астероиди се опишани како „безлични“ тела од типот S. Типот K е предложен од Џ. Ф. Бел и неговите колеги во 1988 г. за тела со особено плитка впивна особина од 1 μм, кај кои недостасува впивањето на 2 μм. Пронајдени се при изучувањето на Еосовото семејство.
Поврзано
уредиНаводи
уредиИзвори
уреди- J. F. Bell A probable asteroidal parent body for the CV and CO chondrites, Meteoritics, Vol. 23, pp. 256 (1988).
- J. F. Bell et al. The 52-color asteroid survey: Final results and interpretation, Lunar and Planetary Science, Vol. 19, pp. 57 (1988).