Асовите бараат мир

„Асовите бараат мир“ (шпански: Los ases buscan la paz) — филм на режисерот Артуро Руис Кастиљо (Arturo Ruiz Castillo) од 1955 година по сценариото на Ладислав Кубала (Ladislao Kubala) и Клементе Памплона (Clemente Pamplona). Главните улоги ги играат: Ладислав Кубала, Иран Еори (Irán Eory) и Маријано Аскерино (Mariano Asquerino).[1]

Синопсис

уреди

Кон крајот на 1940-тите, унгарските тајни агенти настојуваат да го принудат надарениот фудбалер Ладислав Кубала да стане нивни шпион. Во 1949 година, тој бега од Унгарија и се сели во Шпанија, каде ја продолжува фудбалската кариера во ФК Барселона.

Наводи

уреди