Архитектурцентрум - Виенa

музеј во Виена

Архитектурцентрум Виенa ( АЗ В ) е музеј во Виена, во Музејската четврт. Замислен е како центар за изложби, настани и истражувања на архитектурата и сродни области, особено архитектурата и урбанистички дизајн од XX и XXI век. Тој е национален музеј за архитектура на Австрија.[1]

Влез во музејот
Дел од изложбата

Активности

уреди

Во постојаната изложба „Австриската архитектура во XX и XXI век“ е прикажана историјата на австриската архитектура од 1850 година до денес. Променливите изложби ја претставуваат модерна архитектура, со акцент за новите перспективи во архитектонските случувања. Преку низа настани и активности, архитектурата е претставена како „културна дисциплина, секојдневен феномен и комплексен процес“. Овие настани вклучуваат и професионални презентации и семинари, стручни работилници, детски работилници, публикации и годишниот конгрес за архитектура во Виена.

Во рамките на музејот постои и центар за документација и истражување во кој е и специјализирана библиотека со 27.000 специјализирани публикации, како и база на податоци за архитектура, лексика, архива и колекција во врска со архитектурата на XX и XXI век[2].

Историја

уреди

Центарот е основан во 1993 година како непрофитна организација. Тоа произлезе од соработката помеѓу националната влада на Австрија и градот Виена, а заеднички ја водат Федералното Министерство за образование, уметност и култура и канцелариите за култура и урбан развој во Виена.

По осум години на привремени локации Архитектурцентрум Виенa, АЗ В се пресели на сегашната локација во 2001 година. Има на располагање околу 1.000 m изложбен и деловен простор, со организирање на над 150 изложби, 300 настани и 600 архитектонски екскурзии во првите 15 години[3].

Наводи

уреди
  1. Architekturzentrum Wien
  2. „Architekturzentrum Wien (Az W)“. Архивирано од изворникот на 2020-04-12. Посетено на 2020-04-12.
  3. Museumsplatz 1, Wien, Österreich

Надворешни врски

уреди