Архитектонски комуникации

Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Архитектонски комуникации претставуваат сите прометни површини кои ги поврзуваат сите простории во една хоризонтална и вертикална насока во една органска целина. Во комуникации се сметаат: влезови, скалишта, ходници, лифтови. Тие ни даваат прв впечаток за внатрепноста на една зграда. При проектирањето ним треба да им се обрне особено внимание за да можат наполно да одговорат на својата намена. Прометните површини треба да бидат едноставни и јасни така што кај големи објекти со поголема содржина и простории со различна намена да не дојде до дезорганизација на зградата. Комуникациите треба да се правилно димензионирани за да можат да го преземат на себе целиот интерен промет во зградата.

Видови комуникации

уреди

Разликуваме два вида комуникации:

Хоризонтални комуникации

уреди
  • влез во зграда - главен влез, споредни влезови
  • ходници - еднострано и двострано изградени

Вертикални комуникации

уреди

Скалишта

уреди

Секоја зграда која има повеќе катови мора да има барем едно скалиште. Тоа треба да е во тесна врска со главниот влез, односно со надворешните комуникации. Во зависност од намената на скалите и објектот се усвојува нивниот агол на угорнина.

  • според сигурносни прописи - главни, споредни и помошни
  • според карактерот на основата на скалиштето - рамни (еднонасочни или прави), кружни и завојни
  • според бројот на кракови - еднокраки, двокраки, трокраки и скали со повеќе кракови
  • според меѓусебната положба на краковите од едно скалиште - скалишта со паралелни кракови, кракови поставени под прав агол, кракови поставени под остар агол, кракови поставени во облик на буквата "Т" итн.

Подвижни скалишта - ескалатори

уреди

Се употребуваат на места каде се совладува висинска разлика со голема честота на луѓе - подземни премини, подземни железници, трговски објекти. Нивниот агол е од 30 до 35 степени и можат да се движат во двата правци.

Рампи

уреди

Коси површини со помош на кои се совладуваат висинските разлики со чекорење. Најудобен наклон на рампите е 1:8 до 1:10. Тие се употребуваат на места каде има исклучително голема честота на луѓе, како што се спортски објекти, или во детски установи, болници,, индустриски објекти.

Дигалки - лифтови

уреди

Во секоја зграда повисока од 4 ката, потребно е да се предвидат дигалки за луѓе, а според потребите и дигалки за товар.

Литература

уреди
  • "Елементи на проектирање" - проф. Југослав Каранаков, Архитектонски факултет, УКИМ, Скопје, 2002