Артур Кокард
Артур Кокард (26 мај 1846 – 20 август 1910)[1] бил француски композитор и музички критичар.
Студирал композиција кај Сезар Франк и бил музички критичар за Le Monde и L'Echo de Paris. Работел како директор на Националниот институт за слепи деца од 1891 – 99 година.
Кокард ја завршил операта на Едуар Лало, La jacquerie (1895). Ја напишал и операта Jahel (1899) и комичната опера La troupe Jolicoeur (1902).
Тој ја добил наградата од Академијата за убави уметности за неговата публикација De la musique en France depuis Rameau. Неговото најпопуларно музичко дело била неговата верзија на Хаи Лули, која била вклучена во неколку големи антологии на француски песни.
Белешки
уредиHale, Philip; Elson, Louis Charles (1900). Famous Composers and their Works, Volume 5. J. B. Millet Company.
Наводи
уреди- ↑ Baker, Theodore; rev. by Nicolas Slonimsky (1978) Baker's Biographical dictionary of musicians - 6th ed. New York: Schirmer Books, 348.
Надворешни врски
уреди- Артур Кокард — слободни партитури на CPDL