Артемон е христијански светец од 3 век.

Артемон
Роден(а) 3 век,
Починал(а) 230
Почитуван(а) во православие
Слава 13 април

Бил свештеник во Лаодикија за време на царот Диоклецијан. Пред судијата-мачител, вака за себе рекол: “се именувам Артемон, роб на Христа мојот Бог; 16 години бев чтец и читав книги во црквата на мојот Бог; 28 години бев ѓакон и го читав свештеното Евангелие; 33 години наполнив како презвитер, учејќи ги луѓето и поттикнувајќи ги на патот на спасението со помошта Христова”.

Според христијаните судијата го вовел во храмот на Ескулап каде што вражачите особено негувале големи змии, посветени на тој бог. Сите мислеле дека змиите ќе го каснат Артемона. Но тој се прекрстил и со силата на крстот ги приковал сите змии на земјата, така што не можеле да се помрднат. Потоа ги извел сите во дворот, дувнал на нив и сите за миг ги умртвил. Сите биле во голем ужас. А главниот вражач на тој храм, Виталиј, видувајќи го ова чудо, паднал на колена пред Артемона и повикал: “Велик e христијанскиот Бог!” И маченикот го крстил со уште некои негови пријатели. Но злобниот судија останал упорен во злобата и го мачел старецот Артемон со разни маки. Еднаш сакал да го фрли во врела смола, но самиот од коњ паднал во неа и изгорел. Биле видени два орла кои паднале на него, го кренале од коњот и го фрлиле во смолата. Свети Артемон останал слободен за извесно време и шетал следен секогаш со своите два омилени елени, и го учел народот. Но повторно бил фатен и исечен во 303 година[1].

Православната црква нејзиниот ден го чествува на 13 април.

Наводи

уреди
  1. „Охридски пролог“ стр. 153