Аронија е зрнесто овошје, слично на боровинките и е високо отпорно на ниски температури, поради што често се нарекува и сибирска боровница. Расте на листопадна грмушка. Постојат 2-3 врсти по потекло од источниот дел на Северна Америка. Дрвото аронија најчесто расте од 1-6 метри.

Разлистена Црноплодна Аронија
Аронија.

Опис

уреди

Опрашувањето се врши со помош на пчели и ветар, а во есен листовите ги менуваат боите во црвени нијанси. Листовите на аронијата се едноставни и се распоредени наизменично. Цветовите се мали, се составени од 5 венчиња и 5 мали ливчиња. Плодовите се зрнести и не се јадат свежи бидејќи се со горчлив вкус (освен црвеноплодната аронија). Често се користи за припремање на вино, мармалад, чаеви, сирупи, компоти и сл. исто така се користи како зачин во боја во пијалаците и јогуртот. Со плодовите на аронијата се хранат и птиците, така што нејзината семка се распростанува преку птичијот измет.

Сорти

уреди

Познати се три врсти на аронија:

  1. Црвеноплодна аронија
  2. Црноплодна аронија
  3. Виолетовоплодна аронија

Црвеноплодна аронија

уреди

Црвеноплодна аронија (лат. Арониа арбутифолиа) расте од 2-4 метри во висина, поретко до 6 метри. Листовите и се широки 5-8 сантиметри. Цветовите и се бели или бледо розови, отприлика 1 сантиметар широки.плодот е црвен, 4–10 mm широк и е отпорен на зимата.

Црноплодна аронија

уреди

Црноплодната аронија расте во висина од 1 м, а ретко до 3 м. Листовите и се најчесто 6 см широки. Цветовите се бели, и имаат ширина од 1.5цм. Од почетокот плодот е во црвена боја. Кога ќе озрее е во црна боја, со големина од 6-9 мм.

Виолетовоплодна аронија

уреди

Виолетовоплодната аронија се смета за хибрид на црвеноплодната и црноплодната аронија, додека некој го сметаат за посебна врста. Цвета од април до јули. плодот е темновиолетова до црна боја, и е од 7-10 мм широк.

Аронијата како лек

уреди

Плодовите на аронијата се богати со витамините Ц, Е, Б2, Б6, бои антоциани, фолна киселина, коишто го оспоруваат стареењето, штитат од негативните ефекти на слободините радикали и на организмот му даваат енергија. За консумација се препорачува плодовите да бидат сушени или обработени за мармалад или домашен џем. Плодовите на аронијата се сместени на списокот на најлековити природни плодови.