Зафирова кула
(Пренасочено од Апсанска кула)
Зафирова кула или Апсанска кула — историска средновековна одбранбена кула во градот Кратово.[1]
Зафирова кула Апсанска кула | |
---|---|
Општи податоци | |
Вид | кула |
Адреса | Табачко Маало |
Град | Кратово |
Земја | Македонија |
Местоположба
уредиКулата се наоѓала во Табачкото Маало, на денешната улица Планинска.
Опис
уредиИмала два ката и била изградена за време на османлиското владеење во Кратово. Кулата служела како затвор и за датирањето се мисли дека е изградена неколку децении по османлиското освојување на Кратово. Кулата е уништена и нејзините остатоци се слабо видливи.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Доневски, Јаким (2016). „Средновековните кули во Кратово“. AXIOS, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип. 1: 91. ISSN: 2545-4285.