Апокриф (музички албум)
„Апокрив“ (англиски: Apocryph) — музички албум на дуото Добрила Грашеска и Дориан Јовановиќ од 2021 година.
Содржина
уредиАлбумот содржи седум песни:[1]
- Аир да не сториш
- Кирајџиче
- Ти се армаса
- Излези, Видо
- Стојан ми болен легаја
- ДафНевесто, тенка висока
- Три години стана
Технички одлики
уредиАлбумот содржи обработки на македонски народни песни, во аранжман на Грашеска и Јовановиќ. Албумот е снимен во музичкото студио „Профундус“ во август и септември 2020 година. Инженери на звукот се Дориан Јовановиќ и Бојан Угриновски, а Јовановиќ ги извршил миксирањето и мастерингот. Дизајнот на албумот е дело на Зоран Цардула. Излегувањето на албумот било делумно помогнато од Министерството за култура.<[1]
Осврт кон делото
уредиСпоред етномузикологот Александра Кузман, музичкиот албум „Апокриф“ е инспириран од две посебни традиционални музички изрази кои, измешани, создаваат нова урбана музичка слика со своја сопствена рамка. Тој е звучна интерпретација која се темели врз емоциите и животните погледи на авторите во однос на традицијата и културното наследство на македонскиот музички регион.[1]