Анџело, љубов моја
Анџело, љубов моја е американски драмски филм од 1983 година во режија на Роберт Дувал, во кој игра Анџело Еванс. Сценариото е за ромите од Њујорк сити. Беше прикажан надвор од конкуренција на Канскиот филмски фестивал во 1983 година .[1]
„Анџело, љубов моја“ | |
---|---|
Режисер | Роберт Дувал |
Продуцент | Роберт Дувал |
Сценарист | Роберт Дувал |
Главни улоги | Анџело Еванс |
Музика | Mајкл Кејмен |
Кинематографија | Џозеф Фридман |
Монтажа | Стивен Мек |
Студио | Лордон лимитед |
Дистрибутер | Синеком пикчрс |
Премиера | 27 април 1983 |
Времетраење | 115 минути |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Улоги
уреди- Анџело Еванс како самиот себе
- Мајкл Еванс како самиот себе
- Рути Еванс како самата себе
- Тони Еванс како самиот себе
- Деби Еванс како самата себе
- Стив Цигоноф како самиот себе
- Мили Цигоноф како самата себе
- Френки Вилијамс како самиот себе
- Џорџ Николас како самиот себе
- Катерина Рибрака како Патриша
- Тимоти Филипс како наставник во училиште
- Лахлан Јангс како студентски новинар
- Џенифер Јангс како студентски читател
Продукција
уредиРоберт Дувал прв пат го видел главниот глумец Анџело во 1977 година кога имал 8 години, како се расправа со постара жена на Колумбо авенија која „звучела како љубовна расправија“.[2] Сценариото за Анџело, љубов моја го напиша г-дин Дувал, а дел од дијалогот беше импровизиран од страна на ромските глумци, кои повеќето од нив се глумат себеси.
Покрај Анџело, игра неговиот постар брат Мајкл, неговата мајка гатачка, неговата сестра Деби, неговата девојка Патриша (Катерина Рибрака) и неговиот татко Тони Еванс, кој се појавува во неколку сцени.
Прием
уреди„Анџело е еден вид идеализиран збир од вкупно сите деца израснати на улица во Њујорк, без оглед на нивната етничка припадност. Тој е физички мал, но има голема, остро дефинирана личност што ни оддава впечаток на дете кое ја поседува интелегенцијата и искуството на еден маж измамник во своите 20-тите години. Потоа, како што продолжува филмот, гледаме како само во рок од неколку секунди, емоциите на Анџело од тотална самоувереност и истрајност нагло преминуваат во детски плач и се враќаат пак назад. Ова, исто така, може да е самодел од измамата на Анџело, но исто така истовремено делува неочекувано трогателно и смешно. Анџело, меѓу другото, се плаши од духови “.[2]
„Варајети“ објави дека г-дин Дувал потрошил пет години и повеќе од еден милион долари на филмот [3] и дека многумина од глумечката екипа, вклучувајќи го и Анџело, не знаеле да читаат англиски.
Документирани беа комерцијалните проекции од Сан Франциско, Њујорк и Лос Анџелес, и презентирани на кабелската телевизија Синемакс во 1985 година.
Наводи
уреди- ↑ „Festival de Cannes: Angelo My Love“. festival-cannes.com. Посетено на 20 June 2009.
- ↑ 2,0 2,1 Canby, Vincent (27 April 1983), „'ANGELO MY LOVE,' DUVALL TALE OF GYPSIES“, New York Times Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „canby“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Herb (27 April 1983), „Angelo, My Love (Color)“, Variety