Антипсихотици, исто така познати како невролептици, се класа на лекови кои се користат во третманот на психози (делузии, халуцинации, параноја), воглавно на шизофренија и биполарно растројство.

Антипсихотик
Класа на лек
Оланзапин, пример за антипсихотик од втората генреација
УпотребаШизофренија, биполарно растројство
Надворешни врски
MeSHD014150
AHFS/Drugs.comDrug Classes

Првата генерација на антипсихотици, познати како типични антипсихотици, биле откриени во текот на 1950-те. Повеќето лекови од втората генерација, познати како атипични антипсихотици се развиени во поново време, иако првиот атипичен антипсихотик, клозапинот, бил откриен во 1960-те и воведен во клиничка пракса во 1970-те.[1] Двете генерации вршат блокада на рецепторите во допаминските патишта во мозокот, меѓутоа атипичните делуваат и врз серотонинските рецептори.

Наводи

уреди
  1. Hippius, H. (1989-03-01). „The history of clozapine“. Psychopharmacology (англиски). 99 (1): S3–S5. doi:10.1007/BF00442551. ISSN 0033-3158.