Антибиограм
Антибиограм е резултатот на in vitro испитување на осетливоста на еден бактериски сој кон антибиотици. Најпрво од добиениот примерок (крв, спутум, урина) се подготвува култура на бактеријата. Потоа постојат два начини да се добие антибиограм:
- полуквантитативен начин врз основа на дифузија на антибиотикот; мали дискови кои содржат антибиотик се ставаат на различни зони на агар плочата, која е богата со хранливи материи од кои бактеријата расте. Антибиотикот дифундира околу дискот, а околу него може да се забележи простор каде бактеријата не расте
- квантитативен начин врз основа на дилуција (разредување) на антибиотикот. Се прави серија на разредување на антибиотикот (во секоја наредна вијала антибиотикот е двојно разреден). Најголемото разредување во кое нема раст на бактеријата се нарекува минимална инхибиторна концентрација