Андроцентризам е привилегираност на машкото искуство во сите сфери на општественото живеење. Андроцентричноста ја истакнува машката перспектива како доминантна, нормативна, односно посакуван стандард и/или мерка на човековото однесување, сознание или доживување. Според андроцентризмот, жените, женското искуство и перспектива се девијантни или едноставно игнорирани. Терминот за првпат е употребен од страна на Шарлот Перкинс Гилман во нејзината книга „Нашата андроцентрична култура”, публикувана во 1911 година.[1]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „Водич во феминистичката и родовата терминологија“. Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје. 2007-05-30. Архивирано од изворникот на 2007-10-08. Посетено на 2007-06-22.