Андон Иваноски
Андон Јончев Иваноски (17 мај 1921 во Ропотово, Прилепско — август 1944 во Петрова Гора, Врање, Србија) — македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиАндон Јончев Иваноски е роден на 17 мај 1921 година во селото Ропотово. По занимање бил механичар. Во почетокот на април 1944 година се приклучил кон НОБ. Припаѓал на третата македонска бригада. Загинал во август 1944 година во Петрова Гора, Врање.[1]