Англиски парк (Ереван)
Англиски парк (ерменски: Անգլիական այգի, Angliakan aygi) е јавен парк во Ереван, Ерменија, кој се наоѓа на улица „Италија“. Паркот зафаќа површина од околу 5,5 хектари во централниот дел на областа, Кентрон, јужно од плоштадот „Република“.
Англиски парк | |
---|---|
Свадбена фотографија крај централната фонтана во Англискиот парк | |
Вид | јавен |
Место | Кентрон, Ереван, Ерменија |
Координати | 40°10′27″N 44°30′29″E / 40.17417° СГШ; 44.50806° ИГД |
Површина | 5.5 хектари |
Создаден | 1860-ти повторно отворање 3 октомври 1910 |
Стопанисувач | Градски совет на Ереван |
Статус | отворен е преку цела |
Историја
уредиАнглискиот парк е еден од најстарите паркови во градот Ереван, и датира од 1860 година. Тој често бил реконструиран до почетокот на Првата светска војна, а најголемо реновирање претрпел во 1910 година.[1] Во текот на 1920-те години, во Англискиот парк се одржал првиот фудбалски натпревар во современата историја на Ерменија, на кој играле тимовите на Ереван и Александропол.[2] За време на советската ера, паркот бил именуван во чест на 26 комесари од Баку, но ерменската влада по независноста го вратила првобитното име на паркот.
Државниот академски театар Сандукјан, француската амбасада во Ерменија, италијанската амбасада во Ерменија и хотелот „Бест Вестерн Конгрес“ се само некои од градбите кои се наоѓаат покрај овој паркот.[3]
Во 1976 година, во паркот бил подигнат споменик на Пепо, измислен лик кој го создал ерменскиот писател Габриел Сандукијан. Покрај овој споменик, централната фонтана претставува уште едно популарно место во паркот и е привлечно место за свадбени фотографии.
Галерија
уреди-
Поглед од паркот
-
Централната фонтана
-
Споменик во паркот
-
Споменик на Пепо, фиктивен карактер создаден од Габријел Сандукијан
-
Клупа во паркот
Надворешни врски
уреди„Англиски парк (Ереван)“ на Ризницата ? |
Наводи
уреди- ↑ Паркови во Ереван
- ↑ „Armenian Encyclopaedia: Football“. Архивирано од изворникот на 2018-05-17. Посетено на 2018-06-15.
- ↑ „Yerevan:English park“. Архивирано од изворникот на 2018-06-15. Посетено на 15 јуни 2018.