Ана Ивановска-Дескова

Ана Ивановска е македонска сликарка.

Биографија уреди

Родена е во Скопје во 1982 година. Во 2006 дипломирла на Факултет за ликовни уметности, Скопје, сликарски оддел со насока конзервација и реставрација во класата на проф. м-р Благоја Маневски. Во 2007 завршила Педагошки оддел на Факултет за ликовни уметности, Скопје. Во 2011 магистрирала на Факултет за ликовни уметности, Скопје во класата на проф. м-р Благоја Маневски. Со стекнат научно уметнички степен — магистер по ликовни уметности од област сликарство на тема: Света геометрија. Од 2006 год. член е на Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ). Во соработка со неколку колеги таа е еден од основачите на уметничката група и истоимениот уметнички културно-алтернативен центар Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т. (2009 — 2011 год.) во Скопје. Во 2012 година станува дел од седумчлената уметничка женска група „МОМИ“ која сè уште делува со нови креативни проекти на македонската ликовна сцена.[1]

Самостојни изложби уреди

Имала многу уметнички самостојни изложби:

  • 2023 Скопје, Р.С. Македонија, Младински културен центар, „Регенерација“ ( изложба со Христина Зафировска и Маја Кировска, куратор – Горјан Ѓорѓиев
  • 2023 Штип, Р.С. Македонија, НУ Центар за култура „Ацо Шопов“, „Гумено време“
  • 2023 Кичево, Р.С. Македонија, НУ Центар за култура „Кочо Рацин“, „Ехо“, куратор – д-р Кирил Пенушлиски
  • 2022 Њујорк, САД, MC Gallery, „Под кожа“
  • 2020 Скопје, Р.С. Македонија, „CreArt 2020“ изложба со Ирене Тамањоне (Џенова, Италија), CreArt (Креативна европска програма) во организација на град Скопје и Културно информативен центар (КИЦ)
  • 2018 Бои и апстракција, изложба со Христина Зафировска и Геновева Качуркова, куратор – Карел Кингсли, Концепт 37, Скопје, Македонија
  • 2018 Славејќи ја бесконечноста, во организација на Јован Балов, Прима Центар Берлин,Германија
  • 2017 Почеток без крај, (изложба со Ангел Миов), во организација на НУ Музеј Куманово во соработка со ЗПРУ Кибер Панк Куманово, Уметничка галерија — Куманово, Куманово, Македонија
  • 2015 Времелов, Н.У. Центар за култура „Кочо Рацин“, Кичево, Македонија
  • 2014 Славејќи ја бесконечноста, изложба во организација на Амбасадата на Р Македонија во Париз, галерија на Амбасада на Р Македонија, Париз, Франција
  • 2014 Ајде да летаме со магичното килимче, НУЦК „Марко Цепенков“, Прилеп, Македонија
  • 2014 Ајде да летаме со магичното килимче, Културно информативен центар (КИЦ), Скопје, Македонија
  • 2012 Универзуми во универзум, изложба на 3 уметници “Before Is Yet to Come”, Гем клуб, Скопје, Македонија
  • 2011 Света геометрија, магистерски труд, Национална галерија на Македонија, објект Чифте Амам, Скопје, Македонија
  • 2010 Сонце (видео проекција), мултимедијален арт фестивал „Бош“, кафе бар „У“, Гевгелија, Македонија
  • 2009 Видео проект, куратор — Горазд Поповски, MC Gallery, Њујорк, САД
  • 2009 Сонце, (интервенција во јавен простор), дел од проектот „Скопски урбани приказни“ во организација на Скопско лето и ДЛУМ, куратор — Маја Чанкуловска-Михајловска, плоштад Македонија, Скопје, Македонија
  • 2008 Тунел, Музеј на град Скопје, Скопје, Македонија
  • 2008 Тунел — архетипски слики, Национална галерија — Куманово, Македонија
  • 2007 Тунел, куратор — Зорица Лојпур Богдановски, Младински културен центар (МКЦ), Скопје, Македонија

Групни изложби уреди

Ана Ивановска учествувала на бројни изложби меѓу кои:

  • 2020 Изолација, интернационална онлајн изложба организирана од View Art Gallery, Бристол, Велика Британија
  • 2020 Светски ден на уметноста, 568 години од Леонардо Да Винчи, интернационална онлајн изложба, куратор – Јана Винценцова, Република Чешка
  • 2020 Будење, интернационална изложба во склоп на фестивалот „Вечери на женските права“, куратор – Шкипе Мехмети, Младинки културен центар (МКЦ), Скопје, Р.С. Македонија
  • 2019 Годишна изложба на ДЛУМ, Национална галерија на Македонија – објект Мала Станица, Скопје, Р.С. Македонија
  • 2019 Мал формат, изложба на ДЛУМ на манифестацијата „Бела ноќ“, Културно информативен центар (КИЦ), Скопје, Р.С. Македонија
  • 2019 Заедништво, проект на Швајцарскиот културен фонд Албанија (SCFA) имплементиран од Галерија Кало, куратор – Идлир Кока, Галерија Кало, Тирана, Албанија

Наводи уреди