Аналептик, во медицината, претставува стимуланс на централниот нервен систем. Терминот аналептик вообичаено се однесува на респираторни аналептици (на пример, доксапрам). Аналептиците се стимуланси на централниот нервен систем кои вклучуваат голем број на лекови кои се користат во третманот на депресија, хиперкинетички растројства и респираторна депресија. Аналептиците може да се користат како конвулзиви, при што во мали дози кај пациентите предизвикуваат зголемена свесност, немир и забрзно дишење.[1]

Доксапрам

Наводи

уреди
  1. Young, Simon; Campbell, Ryan (January 2015). „Central nervous system stimulants: basic pharmacology and relevance to anaesthesia and critical care“. Anaesthesia & Intensive Care Medicine. 16 (1): 21–25. doi:10.1016/j.mpaic.2014.10.005. Посетено на 16 February 2015.