Амел Бен Абда
Амел Бен Абда е професорка по математика во Националното инженерско училиште во Тунис. Таа била првата личност во Тунис која докторирала по применета математика. Таа е туниски претставник во управувачкиот комитет на меѓународната лабораторија за компјутерски науки и применета математика во советодавниот одбор на Туниското женско математичко здружение.
Амел Бен Абда | |
---|---|
Установи | Национално инженерско училиште во Тунис |
Образование | Подготвителен институт за инженерски студии во Набул Национално инженерско училиште во Тунис |
Теза | (1993) |
Ран живот и образование
уредиБен Абда студирала применета математика во Националното инженерско училиште во Тунис, дипломирајќи во 1988 година.[1] По нејзината дипломирање работела во Подготвителниот институт за инженерски студии во Набул.[2] Продолжила за да биде првиот д-р по применета математика во Тунис во 1993 година.[3][4]
Истражување и кариера
уредиВо областа на применета математика Бен Абда работела на методот на „реципрочна разлика“, кој може да се користи како индикација за дефекти во материјалите.[5][6][7][8] Така исто така работи и на проблемот на реконструктивните гранични услови од нецелосните податоци.[9]
Во 1993 година, Бен Абда се приклучила кон Подготвителниот институт за научни и технички студии, каде што истата година била промовирана во асистент професор.[2] Во 1999 година се приклучила кон Националното инженерско училиште во Тунис.[2] Таа ја одбранила првата хабилитација во Тунис во 1998 година.[1] Таа е одговорна за тимот за инверзни теореми, во Лабораторијата за математичко моделирање и нумерика во инженерските науки (ЛАМСИН).[10]
Таа е туниски претставник во управувачкиот комитет на меѓународната лабораторија за компјутерски науки и применета математика.[3] Таа е во советодавниот одбор на Туниското женско математичко здружение.[11][12] Таа е во советодавниот одбор на туниското женско математичко здружение (ТВМА). ТВМА доделува годишна награда за најдобри докторски тези во математиката.[13]
Во 2018 година таа била избрана за една од ОкејАфрика Топ 100 жените.[3]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Amel Ben Abda | European Women in Mathematics“. europeanwomeninmaths.org (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-07-13. Посетено на 2018-07-13.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Representative of Tunisia in the Steering Committee of LIRIMA“ (PDF). LIRIMA. Посетено на 12 јуни 2018.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Amel Ben Adba“. OKAYAFRICA's 100 WOMEN (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-06-13. Посетено на 2018-07-13.
- ↑ „Tunisian Women Mathematicians' Association“ (PDF). 2016. Посетено на 12 јуни 2018.
- ↑ „The reciprocity gap: a general concept for flaws identification problems“. Mechanics Research Communications (англиски). 20 (5): 415–420. 1993-09-01. doi:10.1016/0093-6413(93)90032-J. ISSN 0093-6413.
- ↑ Abda, Amel Ben (2004). On the use of the Reciprocity-Gap functional in inverse scattering from planar cracks (Thesis) (англиски). INRIA.
- ↑ BEN ABDA, AMEL; DELBARY, FABRICE; HADDAR, HOUSSEM (October 2005). „ON THE USE OF THE RECIPROCITY-GAP FUNCTIONAL IN INVERSE SCATTERING FROM PLANAR CRACKS“. Mathematical Models and Methods in Applied Sciences (англиски). 15 (10): 1553–1574. doi:10.1142/s0218202505000819. ISSN 0218-2025.
- ↑ Dascalu Cristian; Maugin A. Gérard; Stolz Claude (2008). Defect and material mechanics : proceedings of the International Symposium on Defect and Material Mechanics (ISDMM), held in Aussois, France, March 25-29, 2007. Dordrecht: Springer. ISBN 9781402069291. OCLC 261325816.
- ↑ „Profil“. www.hal.tn. Архивирано од изворникот на 2018-07-13. Посетено на 2018-07-13.
- ↑ „ENIT - LAMSIN“. www.lamsin.rnu.tn. Архивирано од изворникот на 2019-02-28. Посетено на 2018-07-13.
- ↑ „Amel Ben Abda | African Women in Mathematics Association“. africanwomeninmath.org (англиски). Архивирано од изворникот на 2023-12-07. Посетено на 2018-07-13.
- ↑ „TWMA Advisory Board“. TUNISIAN WOMEN MATHEMATICIANS ASSOCIATION TWMA (англиски). 2016-11-30. Архивирано од изворникот на 2018-07-13. Посетено на 2018-07-13.
- ↑ „TWMA AWARD for the Best PhD Thesis in Mathematics“ (PDF). Посетено на 12 јуни 2018.