Алфред Рапопорт
Алфред Рапопорт – австроунгарски дипломат (генерален конзул) во Скопје (1900– 1909), помошник на Хајнрих Милер при спроведувањето на Мирцштешките реформи.
Алфред Рапопорт | |
---|---|
Алфред Рапопорт (1913) | |
Роден(а) | 16 јуни 1868 |
Починал(а) | 11 октомври 1946 | (возр. 78)
Државјанство | Австроунгарија, Австрија |
Автор на книгата „Во земјата на мачениците“ (Париз, 1927). Оваа книга е квалификувана како потресно сведоштво за едно неповторливо време, во неа се понудени факти и коментари за Македонија низ поглавјата: Илинден, Мирцштег, „Комитаџиите“, Битола, Скопје, Света Гора, Солун, етничка Македонија и македонското прашање.