Алтокумулус
Алтокумулус (од лат. alto = „висок“ и cumulus = „куп“[1]) е вид облак од класата на облаци со својствени топчести или валчести слоеви и парчиња. Поединечните елементи се поголеми и потемни од оние на циркокумулусите, а помали од оние на стратокумулусите. Како и останатите кумулусни облаци, алтокумулусот е знак на воздушно струење. Бојата му е бела или сива, и напати се јавува во облик на пластови или парчиња со брановидни, облести маси или свиоци. Овие облаци се предвесници на постудено време, и нивното присуство во топли и влажни летни утра означува грмотевично невреме во подоцнежниот дел од денот.
Altocumulus cloud | |
---|---|
Алтокумулусна образба | |
Кратенка | Ac |
Симбол | |
Род | алтокумулус |
Височина | 2400–6100 м |
Класификација | семејство B (среден) |
Изглед | сличен на циркокумулусот, но поединечните делови се поголеми и потемни. |
Врнежен? | не |
Еден облик на алтокумулус, наречен altocumulus lenticularis (леќовиден облак) наликува на летечка чинија и затоа понекогаш набљудувачите погрешно го сметаат за НЛО. Алтокумулусите настануваат од 1200 до 6100 м над земјата.
Наводи
уреди- ↑ „алтокумулуси“ Архивирано на 17 декември 2013 г. или висококупест облак - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
Надворешни врски
уреди„Алтокумулус“ на Ризницата ? |
- Меѓународен атлас на облаците - Алтокумулус Архивирано на 8 октомври 2011 г. (англиски)