Александриска школа
Александриската школа била едед од најголемите центри за изучување на библиската теологија во времето на доцната антика. Друга поголема школа била онаа во Антиохија.
Александриската школа била позната по алегорискиот метод за разбирање на Библијата. Од неа произлегле неколку претставници, од кои накпознати се Филон, Климент Александриски и Ориген. Под притисок на платонската филозофија, која владеела на овие простори во текот на 2 и 3 век, оваа школа го вовела библиското прочување.
Александрија во вториот век после Христа бил светски научен и трговски центар, впрочем најголемата библиотека во тој период со околу 400.000 книги и свитоци се наоѓала токму таму. Поради потребата соодветно да се одговори на нападите на учените незнабошци, а и заради повисоко образование на самите Христијани Александриското училиште за огласени било подигнато на еден повисок образовен степен и станало: Александриска школа. Веќе во 3 век, според „Пофалното слово на Григориј Чудотворец“, во времето на Ориген, во Александриската школа се изучувале: логика, физика, геометрија и астрономија. Покрај овие науки, во христијанските училишта се изучувала и дијалектиката, филозофијата и некои природни науки[1]
Но, и покрај унисоноста во исповедањето на верата, сепак во некои од христијанските училишта се појавила разлика во толкувањето на Светото писмо. На пример: во Александриската школа – акцент при толкувањето на Светото писмо се ставало врз алегоријското толкување и вниманието било насочено кон неговата сокриена (преносна) смисла, додека пак, во Антиохијската школа, се употребувал историско-лингвистичен метод и предност било давано на буквалната смисла на Светото писмо.
Наводи
уреди- ↑ „Белешки по предметот Општа историја на христијанската црква, асс. м-р Дејан Борисов стр. 3