Александар Иванчев Александров
Александар Иванчев Александров — македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис
уредиАлександров е роден во 1875 година во ортакьойското село Ѓаокче бунар, тогаш во Османлиското Царство, денес Сив кладенец, Бугарија. Добива основно образование и кон крајот на 1902 година влегува во ВМОРО, станува раководител на револуционерниот комитет во своето родно село. Од 1904 година е нелегален четник при Димитар Загорски, подвојвода на Тане Николов и Тома Пожарлиев. Од зимата на 1905 година до крајот на 1907 година е самостоен војвода во Ференско, Суфлијско, Димотишко и Ортакаојско. Властите го осудуваат во отсуство на 101 години затвор. Во 1912 година при избувнувањето на Балканската војна дејствува со чета во Кушукавакско. Александар Александров умира во 1965 година во селото Одринци [1][2].
Извори
уреди- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 6.
- ↑ Караманджуков, Христо. „Западнотракийските българи в своето култорно-историческо минало с особен поглед към тяхното политико-революционно движение“, София, 1934, стр. 303.