Албанско востание (1912)
Албанското востание од 1912 година во Отоманското Царство се одвивало во периодот од јануари до август 1912 година. По серијата успеси албанските револуционери го зазеле Скопје кој бил административен центар на Косовскиот вилает.[1][2][3] Востанието завршило на 4 септември 1912 година, кога Високата порта се согласила да ги исполни барањата на востаниците. Незадоволството на останатите балкански народи од постигнатиот успех на албанските востаници претставува еден од поводите за започнување на Првата балканска војна.
Албанско востание | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Албанските востаници во Скопје |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Косовски вилает | Османлиско Царство | ||||||
Сила | |||||||
Хасан Приштина |
Заднина
уредиВо јули 1908 година во Отоманското Царство започнала Младотурската револуција. Како последица на тоа во Албанија даноците се зголемиле а Албанците продолжиле да се регрутираат во османлиската армија, а цивилното население било разоружано. Во 1910 година започнале серија од востанија кои не завршувале со успех. Во јануари 1912 година Хасан Приштина и Исмаил Кемал започнале подготовка за ново востание.
Текот на востанието
уредиВостанието избувнало во јануари 1912 година и истото било поддржано од Србија и Црна Гора. Италија од друга страна исто така го поддржала востанието бидејќи во исто време војувала со Османлиите. Нивната помош се должела на дополнителна дестабилизација на Османлиското Царство. Претходно албанските претставници се состаниле со османлиските власти но не добиле позитивен одговор во нивните барања. Исмаил Кемал бил одговорен за испорака на 15.000 пушки во Косово преку Црна Гора. Претходно бил низ европските земји каде добил оружје и средства и меѓународна поддршка за востанието. Во исто време тој кординирал со раководството на востаниците преку Британската амбасада во Скопје.
Хасан Приштина направил обид да ја привлече Бугарија како сојузник, нудејќи создавање на независна албанско-македонска држава во Македонија, поддржан од британскиот конзул во Скопје. Биртанският конзул ветувал силна поддршка на востанатото на Албанците.
Востанието започнало во западниот дел на Косовскиот вилает, на чело на кое застанале Хасан Приштина, Некџиб Драга, Бајрам Цури, Риза Беј и други. Есад Паша Топтан се обврзал да организира востание во централна Албанија и во округот Мирдита. Албанските војници и офицери се повлекле од отоманската армија и се вклучиле во востанието. До август 1912 година востаниците ја зазеле целата територија на Косовскиот вилает (Нови Пазар, Приштина, Скопје и Сиеница), делови од Скадарскиот и Јанинскиот вилает (Елбасан, Лесковик и Коница) и Дебар, дел од Битолскиот вилает.
За успехот на востанието помагнала и турско-италијанската војна. Отомански сили се противеле на заповедите да се борат со албанските муслимани револуционери, бидејќи ги сметале за браќа по вера.
Албанските востаници упатиле со голем број на барања до Младотурската влада. Тие биле објавени во албанските емигрантски весници во Царството Бугарија во март 1912 година. Дел од барањата се именувањата на албански офицери во владината администрација, интегрирање на албанскиот јазик во локалните училишта и ограничување на регрутацијата на Албанци во Османлиската армија за Косовскиот вилает. Самите Албанци биле поделени, некои од нив биле наклонети кон Младотурскиот Комитет за единство и напредок, други на либералната партија, а трети биле за обновување на автократија на Абдул Хамид II. На 9 август 1912 година албанските востаници поднеле нов список на барања за реформи и создавање на автономен албански вилает. Меѓу барањата биле економски развој на албанските територии, целосна амнестија на бунтовниците и судски процеси за османлиските офицери кои учествувале во задушувањето на востанието.
Последици
уредиНа 4 септември 1912 година Високата порта го прекратила албанското востание, откако се согласила со сите барањата на револуционерите. Успехот на албанското востание дало сигнал на балканските држави дека Отоманското Царство слабее. Создавањето на автономен албански вилает, опфаќајќи територии населени со христијанско население се третирале како закана за националните интереси на останатите христијански земји од Балканот. Хасан Приштина започнал подготовка на ново востание за по три до четири месеци, но неговите планови пропаднале по почетокот на Балканската војна.
Литература
уреди- ↑ Liotta, P. H.; Jebb, Cindy R. (2004). Mapping Macedonia: Idea and Identity. Greenwood Publishing Group. стр. 62. ISBN 978-0-275-98247-8. Посетено на 9 April 2012.
- ↑ Phillips, John (2004). „The rise of Albanian nationalism“. Macedonia: warlords and rebels in the Balkans. London: I.B. Tauris. стр. 29. ISBN 1-86064-841-X.
An Albanian uprising in Kosovo for independent schools in May 1912 led to capture of Skopje by rebels in August
- ↑ Bahl, Taru (2003). „The Balkan Wars and creation of Independent Albania“. Encyclopaedia of the Muslim World. New Delhi: Anmol publications PVT. Ltd. стр. 53. ISBN 81-261-1419-3. Архивирано од изворникот на 2014-06-08. Посетено на 2013-04-09.
The Albanians once more raise against Ottoman Empire in May 1912 and took Macedonian capitol of Skopje by August
Укажано повеќе од еден|author=
и|last=
(help)