Академизам (архитектура)
Академизмот се смета за уште една форма на отпор наспроти новите технички влијанија во архитектурата. Правецот бил застапен од страна на тековната буржоазија. Во истиот еклектиката е присутна, конзервирајќи ги поимите и мислата. Се смета дека присилно ги задржува постарите форми на практикување на занаетите, продлабочувајќи го јазот меѓу формата и содржината на објектите, наметнувајќи го шематизмот во проектирањето, каде декоративноста се смета како важен украс и добива значајно место на претставителната фасада. На тој начин, теоретичарите сметаат дека дводимензионалното разбирање на архитектурата продолжува, без доволно размислување за просторното решение.
Појава
уредиАкадемизмот се појавува во XIX век, во западноевропските земји, каде се истакнува Академијата на убавите уметности во Париз (L'ecole des beaux arts) која опстојува како институција сè до почетокот на XXI век.
Главни одлики
уредиАкадемизмот се смета за остаток од традиционалните идеали и претстави на феудализам, коишто на погрешен начин пронашле простор во капитализмот во вид на архитектонска религија. За разлика од класицизмот, во академизмот се чувствува благо придвижување кон редукција на декорациите, но сепак е задржана основната пластичност на објектите. Со тоа може да се рече дека во него завршуваат сите дотогашни движења и периоди во развојот на архитектурата и уметноста, не носејќи напредна мисла.
Галерија
уредиИзвори
уреди„100 години МОДЕРНА АРХИТЕКТУРА големите движења и мајстори„ Михаил Токарев [1] Архивирано на 5 мај 2016 г.