Агенција за супервизија на осигурување
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е основана во 2009 година. Правната рамка за воспоставување и функционирање на Агенцијата е пропишана со Законот за супервизија на осигурување.[1] Агенцијата има својство на правно лице и за својата работа одговара пред Собранието на Република Македонија. [2] Се основа како самостојно и независно регулаторно тело и во рамките на своите надлежности и овластувања се грижи за законито и ефикасно функционирање на пазарот на осигурување, со цел заштита на правата на сопствениците и корисниците на осигурување.
Надлежности
уредиАгенцијата ги има следните надлежности:
- спроведува супервизија на друштвата за осигурување, осигурителните брокерски друштва, друштвата за застапување во осигурувањето, осигурителните брокери, застапниците во осигурувањето и Националното биро за осигурување;
- издава и одзема дозволи, согласности и лиценци врз основа на овој закон и другите закони во нејзина надлежност;
- изрекува мерки на супервизија согласно закон;
- донесува подзаконски акти од областа на осигурувањето;
- членува во органите на Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори и во органите на Европскиот совет на осигурителни супервизори и супервизорски органи на доброволното пензиско осигурување;
- го поттикнува развојот на осигурувањето во Република Македонија
Орган на управување
уредиОрган на Агенцијата за супервизија на осигурување е Советот на експерти. Советот на експерти е составен од пет члена од кои еден е претседател. Претседателот на Советот раководи со Агенцијата и ја застапува во односи со трети лица. Претседателот и четирите членови ги именува Собранието на Република Македонија на предлог на Владата на Република Македонија, а нивниот мандат трае пет години, со можност за реизбор. Советот на експерти работи во согласност со надлежностите и донесува тарифник, статут, финансиски извештаи и финансиски план на Агенцијата.
Наводи
уреди- ↑ „Закон за супевизија на осигурување“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-13. Посетено на 2015-12-04.
- ↑ Надлежности и овластувања
Надворешни врски
уреди- Агенција за супервизија на осигурувања (АСО) (македонски)