Автомобилски регистарски таблички во Кипар
Автомобилски регистарски таблички во Кипар се составени од три букви и три броеви (пр. ABC 123). Димензиите на регистрацијата е слична како на нивните британски колеги. Моментално, буквите мора да се во црна боја. Предната регистрација е во бела боја додека задната е во жолта. Таа е напишана на латиница како британските регистрации, и нивните регистрации се направени од метал наместо од пластика.
Систем
уредипред 1930 предни и задни регистрации
N1234 |
N за Никозија, S за Ларнака, P за Пафос, L за Лимасол,
1930 до 1950 предни и задни регистрации
1234 |
1950 до 1956 предни и задни регистрации
A123 |
1956 до 1973 предни и задни регистрации
AB123 |
1973 до 1990 предна регистрација
AB123 |
1973 до 1990 задна регистрација
AB123 |
1990 до 2003: предна регистрација
ABC123 |
1990 до 2003: задна регистрација
ABC123 |
Од 2003: предна регистрација
ABC123 |
Од 2003: задна регистрација
ABC123 |
Специјални регистрации
уреди- Регистрација за дилер на коли -
ΔΟΚΙΜΗ 123-45 |
Во црвена боја ΔΟΚΙΜΗ (тест) на бела основа, а по него следат два сета на броеви, првиот го покажува бројот на дилерот, а вториот нројот на регистрацијата. Единствените официјално направени регистрации во Кипар.
- Такси -
ΤABC123 |
Составени се од четири букви и три бројки (пр. TABC123). Првата буква секогаш е 'T' како би означил дека е такси.
- Автомобили за рентање -
ZABC123 |
Црни букви на црвена позадина, содржат четири букви и три броеви (пр. ZABC123). Првата вуква секогаш е 'Z' за да означува изнајмено возило.
- Камиони -
12345CT |
составени од пет броеви и CT
- Посетители -
1234V03 |
Може да биде составена од четити броеви, па потоа букбата V, а по неа два броја кои ја покажуваат годината на регистрирање (пр. 1234V03). Од 2004 не може да се регистрира кола како посетител, но колите регистрирани како посетители сѐ уште добиваат патна такса.
- Камиони и Аутобуси -
ΦΔΧ |
ΛΔΧ |
Камионите за јавен сообраќај и аутобусите, покрај основната регистација, имаат и секундарна регистрација. ΦΔΧ - Φορτηγό Δημοσίας Χρήσης (Камион за јавен сообраќај) за камиони и ΛΔΧ - Λεωφορείο Δημοσίας Χρήσης (Аутобуси за јавен сообраќај) за аутобуси.
- Дипломатски регистрации -
49 CD 1 |
Северен Кипар
уредипредна регистрација
AB 123 |
задна регистрација
AB 123 |
Северен Кипар својата автомобилска регистрација ја има составено од 2 букви и 3 бројки, пр. AB 123. Предната регистрација е бела, додека задната е жолта, како и во Јужен Купар, но во Серевен Кипар и двете регистрации е со црвена линија околу регистрацијата. Тие немаат никавки ознаки на левата страна како што е сината трака за ЕУ или знамето на Северен Кипар. Автомобилите кои се користат за рентање имаа црвени регистрации со црни букви, во форма на ZHZ 123. Владините коли имаат 3 букви и 3 броеви, пр. RHA 123. Таксистите имаат 3 букви и 3 броеви, слично како и цивилните регистрациите во Јужен Кипар. Дипломатските возила имаат ист формат како и цивилните возила, само на зелена основа. Армиските возила имаат мали регистрации кои се составени само од броеви, како на пр. 8012352.
Постојат два вида на големини: 15×30 or 11×52 cm.