Регистарски таблички
(Пренасочено од Автомобилска ознака)
Регистарските таблички се метални или пластични таблички прикачени на моторно возило или приколка поради одредени официјални идентификациски цели. Најчесто се состојат од низа на бројки и букви, со кои возилото добива единственост во рамките на областа од која потекнува. Скоро низ целиот свет, регистарските таблички се издаваат од страна на државните власти, освен во одредени федерални држави каде оваа надлежност им е препуштена на покраинските власти. Во некои држави му е допуштено на сопственикот на возилото сам да ја избере низата броеви и букви на својата таблички. Скоро секогаш се доделуваат по две регистарски таблички, односно се доделуваат во пар.
Поврзано
уреди„Регистарски таблички“ на Ризницата ? |