Австралиски пастир

Австралискиот пастирски пес, или Австралиски пастир е сорта на овчарски пес што се одгледува во Австралија за гонење на стоката на големи пасишта и преку нерамни предели. Австралискиот пастир е пес со средна големина, со кратки влакна на крзното и се јавува во две нијанси: кафени или црни влакна преку бело крзно.


Австралискиот пастир е активен и умен како и другите овчарски песови. Добро се снаоѓа во тренинзите, особено ако се интересни. Силно се врзува за сопствениците па затоа и ги чува. Лесно се одржува и чисти, само треба повеќе да се четка кога му се менува влакното. Најчесто се разболува од глувост и слепило (наследни болести) или од повреда. Инаку, оваа сорта песови е силна и живее и до 12 или 14 години.

Особини

уреди

Изглед

уреди
 
Австралиски пастир со црни влакна

Големина

уреди

Женките се големи околу 43-48 сантиметри, а мажјаците околу 46-51 сантиметар. Песот е повеќе долг отколку што е висок. Во просек тежат околу 15-22 килограми.

Крзно и боја

уреди
 
Како што старее песот така му растат црвени влакна.

Наводи

уреди