Марија Џозефин Асплунд (15 октомври 1991)[1] е шведска глумица. Таа е најпозната по нејзините улоги: Астрид во серијата „Викинзи“ на и Пернила Бломквист во „Девојката со тетоважа на змеј“ (2011).[2] Таа глумела во филмската адаптација од 2015 година на шведскиот роман „Кругот“.

Џосефин Асплунд Josefin Asplund
Џосефин Асплунд

Биографија

уреди

Асплунд пораснала во предградијата на Стокхолм, Шведска, со нејзината мајка од Полска, татко Швеѓанец и постара сестра. Нејзините родители се развеле кога таа имала 7 години.[3]

Асплунд почнала да глуми во локалниот театар блиску до нејзиниот дом на 6-годишна возраст, каде што учествувала во различни мјузикли сè до нејзините тинејџерски години. За време на нејзиното детство, сцената била едно од ретките места кои навистина се чувствувала како дома, искажа таа во интервју за Шведското радио.[3]

Подоцна, Асплунд студирала глума во гимназијата Содра Латинс, дипломирајќи во 2010 година. Набргу потоа, таа била избрана за адаптацијата на „Девојката со тетоважа на змеј“ на Дејвид Финчер наспроти Даниел Крег. Таа одиграла една од главните улоги во филмската адаптација (2015) на најпродаваниот шведски роман „Кругот“ и се здобила со меѓународно признание преку нејзината улога како Астрид во серијата Викинзи.

 
Асплунд во 2019 година

Наводи

уреди
  1. „Josefin Asplund - skådespelande socionom | Göteborgs-Posten - Nöje“. Gp.se. 2015-02-22. Посетено на 2016-09-15.
  2. Josefin Asplund in Swedish Film Database
  3. 3,0 3,1 „Josefin Asplund: "Som kvinna får man sällan använda svärd" - P4 Extra – Gästen“.

Надворешни врски

уреди