Џонатан (рок-група)

Џонатан (Jonathan) — хрватска рок-група.

Историјат

уреди

Групата „Џонатан“ е формирана во 2012 година во Риека од страна на пет пријатели со различна музичка заднина: пејачот Зоран Бадурина бил член на некогашната група „Салион“, тапанарот Бранко Ковачиќ бил член на „Лет 3“, гитаристот Дарко Петковиќ и басистот Никица Јурјевиќ бил дел од панк-групата „Пси“, а Томислав Радиновиќ бил член на „Мандрил“. Подоцна, кон групата се приклучил и клавијатуристот Хрвоје Шќулац, поранешен член на „Квазар“.[1]

Творештво

уреди

Во 2013 година, групата го објавила синглот „Меги“ (Maggie) кој бил пречекан со одлични критики, а музичката критика не ги штедела пофалбите и за деби-албумот „Bliss“ од 2014 година. Во 2015 година, групата го објавила синглот „Getting Closer Is Keeping Us Apart“, по што била номинирана за наградата за најдобар нов изведувач на 22. доделување на наградите „Порин“. На почетокот на 2016 година се појавил синглот „Heaven“, кој бил најава на концептуалниот албум во два дела, „To Love Or To Hold", објавени во 2017 и во февруари 2018 година. Обично, групата ја споредуваат со претставниците на т.н. „инди рок“, а таа одржала заедничка мини-турнеја со групата „Editors“ и настапила на концертот на американската инди-рок група „The Killers“.[2]

Наводи

уреди