Жолиева вага
(Пренасочено од Џолиева вага)
Жолиева вага ― инструмент за одредување на специфична тежина. Измислен од страна на германскиот физичар Филип фон Жоли во 1864 година, [1] инструментот се состои од пружина прицврстена на врвот на подвижна рака. На долниот крај на пружината се наоѓаат две мали тави, една под друга. Долната тава се држи потопена до истата длабочина во вода, додека другата виси во воздух. На исправениот сталак зад пружината има огледало на кое е врежана или напишана скала од еднакви делови. Специфичната тежина на објектот, обично цврст, се одредува со забележување колку пружината се издолжува кога предметот лежи во горната тава во воздух (), а потоа кога предметот ќе се премести во долната тава и ќе се потопи во вода (). Специфичната тежина е .[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Jolly, P. (1864). „Eine Federwage zu exacten Wägungen“ [A spring scale for accurate weighing] (PDF). Sitzb. Akad. Wiss. Miinchen (германски). I: 162–166.
- ↑ Johannsen, Albert (1918). Manual of Petrographic Methods. McGraw-Hill Book Company, Incorporated. стр. 516.
Дополнителна книжевност
уреди- Bayley, William Shirley (1910). Elementary Crystallography. McGraw-Hill. стр. 192–193.