Џозефина Етел Каблик, исто така наречена Јозефина Кабликова (родена 9 март 1787г. - 21 јули 1863г.), била пионерска чешка ботаничарка и палеонтолог. Студирала со подучување од страна на најдобрите ботаничари во нејзиното време.Колектирала растителни и фосилни примероци за институции низ Европа. Неколку фосилни животни и растенија опишани од нејзините збирки, вклучувајќи ги Petasites kablikianus и Amphisauropus kablikae, се именувани во нејзина чест.[1]

Биографија

уреди
 
Портрет од Џозефин Етел во колекцијата на музејот Крконоше (изработен со масло)

Џозефин Етел е родена во бохемискиот град Врчлаби (тогаш Хоенхелбе), ќерка на Дејвид Етел, проидведувач на хартија. Таа се омажила за фармацевтот Адалберт Каблик во 1806 година во Хоенхелбе, кој многу ги поддржувал интересите на неговата сопруга. Во 1822-23 година била на часови по ботаника со Венцел Ман (професор по ботаника). [2] [3] Каблик создала свој хербариум во кој ги чувала нејзините колекции растенија собрани од околината на нејзиниот роден град. [4] Таа особено сакаше лишаи. Таа не била обесхрабрена од лошите временски услови и се осмелувала да шета низ шуми и полиња и да се искачува на високи планини во секакви услови, све во име на откривање нови видови растенија и фосили. [3] Таа била исклучително силна и здрава и останала ентузијастички настроена за собирање примероци во секакви временски услови. [2] Таа собрала растителни и фосилни примероци специјално од Судетите за училишта, музеи, учени општества и универзитети низ Европа. [3] Таа отпатувала во Швајцарија и Италија и во 1862 година (во Салцбург). [5] [6]

Во институтот на Филип Максимилијан Опиз за размена на примероци од хербариум се наведени над 25.000 примероци собрани од Џозефин Етел Кабилк.[2][3] Покрај ботаниката, Кабилк имала подеднакво активен интерес и за палеонтологијата и колектирала фосилни животни и растенија. [3]

Каблик била првата жена примена во Ботаничкото здружение во Виена. [7] Нејзиниот прием во Regensburgische Botanische Gesellschaft (германско име за ботаничкото здружение) во 1841 година бараше да се надминат приговорите на Карл Фридрих Филип фон Мартиус.[5]

Наводи

уреди
  1. Kablick, Josephine 4000 Years of Women in Science, University of Alabama, Accessed February 2014
  2. 2,0 2,1 2,2 Berndt, Catherine H (2000). „Josephine Ettel Kablik“. Biographical Dictionary of Women in Science. Routledge. стр. 1407. ISBN 1135963436.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Ogilvie, M. B., & Harvey, J. D. (2000). The biographical dictionary of women in science: Pioneering lives from ancient times to the mid-20th century. New York: Routledge. p. 674. ISBN 978-0-415-92038-4
  4. „Kablik, Josephine; geb. Ettel (1787-1863), Botanikerin“. Österreichisches Biographisches Lexikon 1815-1950. Band 3. Lieferung 12. 1962. стр. 163.
  5. 5,0 5,1 Ilg, Wolfgang (2012). „Josephine Kablik (1787–1863). Erforscherin der Flora des Riesengebirges“. Hoppea, Denkschr. Regensb. Bot. Ges. 73: 7–26.
  6. S. (1860). „Gallerie österreichischer Botaniker II. Josephine Kablik“ (PDF). Oesterreichische Botanische Zeitschrift (германски). 10 (1): 1–6. doi:10.1007/BF02114024. ISSN 0378-2697.
  7. Stibral, Karel; Faktorová, Veronika (2021-09-02). „The Giant Mountains – as beautiful as the Alps. The origins of the aesthetic discovery of mountains in the Central European context“. Journal of Tourism History (англиски). 13 (3): 249–274. doi:10.1080/1755182X.2021.1999510. ISSN 1755-182X.