Џабат

(Пренасочено од Џабвот)


Џабат, Џабот или Џабвот (маршалски: Jebat[1]) е остров во Тихиот Океан. Островот е дел од Раличките Острови во Маршалските Острови и претставува една од општините во државата. Островот има вкупна површина од 0,6 км2. Островот се наоѓа 12 км оддалеченост од Ајлинглаплап. За разлика од поголемиот број атоли во Маршалските Острови, Џабат е карпест остров, не корален. Според податоците од 1998 година на островот живееле 112 жители и има надморска височина од 3 метри.

Џабат
Сателитска снимка на островот.
Географија
МестоТихи Океан
Координати7°45′06″N 168°58′36″E / 7.7517° СГШ; 168.9767° ИГД / 7.7517; 168.9767
АрхипелагРалички Острови
Вкупно острови1
Површина0,6 км2
Држава
Демографија
Население112 (1998)
Етнички групиМаршалци

Историја

уреди

Во 1884 година атолот бил под германска контрола и дел од Германска Нова Гвинеја. По Првата светска војна атолот бил под јапонска контрола, а по Втората светска војна под американска. Во 1986 година Маршалските Острови станале независни и атолот станал дел од новата држава.

Наводи

уреди
  1. Marshallese-English Dictionary - Place Name Index

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди