Нјорд

(Пренасочено од Њердр)

Нјорд (норд. Njörðr) во скандинавската митологија е бог на морето, морските ветрови и рибарството. По потекло е од божествата Вани [1], бидејќи по нивната војна со Асите, преминува кај последните како заложник со синот Фрејр и ќерка си Фреја и во една подоцнежна етапа текстовите веќе го набројуваат кон божествата Аси. Со него се идентификува германската божица Нертус, чие име е точен еквивалент на Нјорд. Можно е таа да е негова сестра и истовремено сопруга, бидејќи во „Сага за Иглингите“ [2] се зборува, дека додека бил при ваните, Нјорд живее заедно со сестра си.

Нјорд, претставен во исландски манускрипт од 17 в.

По преминувањето кај Асите, Нјорд се жени за великанката Скади и живее со неа девет деноноќија во Ноатун („Корабоградилиштето“, неговата палата во Асгард) и девет деноноќија во Трјумхајм („Бучно место“) во планините, затоа што сопругата не го сакала морето, а планините. Според „Говорите на Вафтруднир“ (Стара Еда), Нјорд ќе се врати кај ваните на крајот од светот [3].

Според „Сага за Иглингите“ по смртта на Один, Нјорд станува управник на Шведска и Швеѓаните го нарекуваат свој владетел.

Извори

уреди
  1. И како таков се јавува и како бог на плодотворноста.
  2. Сага за Иглингите (на руски)
  3. Говорите на Вафтруднир (на руски)

Литература

уреди
  • Митове и легенди на скандинавските народи. Подбор и преразказ Христо Грънчаров. Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1992.
  • Скандинавска митология. Изд. Литера Прима, София, 1995.