Јонкома
Јонкома (јапонски: 4コマ漫画) или 4-кома — формат за издавање манги од 4 кадри. Обично се користи во комични сцени. Се наоѓа во речиси сите јапонски манга-изданија, вклучувајќи манга-списанија, графички романи, манга-делови од весници, списанија за игри, списанија за готвење итн. Заплетот обично завршува во четвртиот кадар, но понекогаш може да продолжи и во идни изданија. Некои јонкоми се занимаваат со сериозни теми, но повеќето се комични.[1]
Потекло
уредиПрвата манга во стил јонкома ја нацртал Ракутен Китазава во 1902 г., наречена „Тагосаку и Мокубе го истражуваат Токио“. Се верува дека создавањето на јонкомите било под влијание на стриповите на Франк Артур Нанкивел.[2]
Структура
уредиТрадиционалната структура на јонкома е кишотенкецу.[2] Овој збор е составен од четири јапонски знаци:
- ки (јап. 起): Првиот кадар ја поставува сцената на приказната.
- шо (јап. 承): Вториот кадар го продолжува дејството започнато во првиот.
- тен (јап. 転): Третиот кадар обично го означува врвот на заплетот.
- кецу (јап. 結): Четвртиот кадар го завршува заплетот.
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди„Јонкома“ на Ризницата ? |