Петер Јозеф Дицген (германски: Peter Josef Dietzgen, 9 декември 1828 - 15 април 1888) — германски филозоф и новинар. Тој бил работник и самоук филозоф, претставник на дијалектичкиот материјализам. Тој е автор на неколку трудови во кои остро ги критикувал идеализмот и свештенството, како и вулгарниот материјализам. Најважното негово дело е „Суштината на човечката умствена работа“ (1869). Неговото творештво многу го ценеле Маркс, Енгелс и Ленин, иако истовремено го критикувале поради некои негови ставови.[1]

Наводи

уреди
  1. Фридрих Енгелс, Лудвиг Фојербах и крај класичне немачке филозофије. Култура: Београд, 1947, стр. 65.