Во комуникацискитe мрежи, еден јазол (латински: nodus, „јазол“) — точка за врска, или точка за редистрибуција или крајна точка за комуникација (некои терминални уреди). Дефиницијата за јазол зависи од мрежата и протоколниот слој на кој припаѓа. Физички мрежен јазол е активен електронски уред кој е прикачен на мрежата и е способен за праќање, примање или препраќање на информации преку комуникациски канал.[1] Пасивна дистрибутивна точка како дистрибутивен фрејм не е јазол.

Мрежен јазол

Во мрежната теорија или теоријата на графовите, терминот јазол се однесува на точка на мрежната топологијa, на кој линии се сечат или се гранки[2].

Мрежни компјутерски јазли

уреди

Во податочната комуникација, физички мрежен јазол претставува терминирачко коло кое служи за комуникација на податоци, како модем, центар, мост, преклопник или пак податочен терминал како дигитална телефонска слушалка, како на пример печатач или хост компјутер, насочувач, работна станица или опслужувач.

Кога е во прашање ЛАН или ВАН мрежа, секој ЛАН или ВАН јазол ( кој претставува слој на податочна врска ) мора да поседува МАК адреса. Примери се компјутери, преклопници за пакети, ДСЛ модеми со ( Етернет интерфејс ) и безжични ЛАН пристапни точки. Треба да се има на ум дека центар претставува физички мрежен јазол, но е и ЛАН мрежен јазол, бидејќи централна мрежа логички претставува магистрала мрежа. Аналогно повторувачот или ПСТН модем ( со сериски интерфејс ) е физички мрежен јазол но не ЛАН јазол.

Кога е во прашање мрежа како Интернет или Интранет, многу физички мрежни јазли се хост компјутери, исто така познати како интернет јазли, идентификувани од страна на IP-адреса и сите домаќини се физички мрежни јазли. Од друга страна уредите на слојот за податочна врска како преклопници, мостови и ВЛАН пристапни точки немаат ИП хост адреса( исклучок некогаш е за администраторски цели ) и не се земаат за интернет јазли или домаќини, но како физички мрежни јазли и ЛАН јазли.

Телекомуникациски мрежни јазли

уреди

Во фиксна телефонска мрежа јазол може да биде јавна или приватна телефонска размена,далечински концентратор или компјутер кој обезбедува интелигентни мрежни сервиси. Во клеточна комуникација преклопните точки и базите познати како Base station controller, Home Location Register, Gateway GPRS Support Node и Serving GPRS Support Node се примери за јазли. Базните станици кај клеточната мрежа не се земаат како јазли во овај контекст.

Во системите за кабелска телевизија, овај термин има земено поширок контекст и е поврзан со фибер оптички јазол. Ова може да се дефинира како домови или бизниси во специфична географски простор кои се услужувани преку честиот оптички фибер приемник. Овај фибер оптички јазол може да се опише како преку бројот на домови кои се услужени од соодветниот јазол.

Дистрибуирани системски јазли

уреди

Кога е во прашање дистрибуиран систем, јазлите се клиенти, опслужувачи и така познатиот peer (јазол кој може да биде и клиент и опслужувач). Во peer-to-peer мрежа или преклопена мрежа јазлите кои активно рутираат податоци за другите мрежни уреди, се викаат супер јазли.

Крaен јазол во cloud computing

уреди

Во една пространа компјутерска мрежа, поединечните компјутери на периферијата на мрежата, оние кои не поврзуваат други мрежи, исто така, и оние кои често се поврзани на еден или повеќе облаци се нарекуваат крајни јазли. Обично, во рамките на cloud computing конструкцијата, поединечен корисник / клиент компјутерот кој се поврзува во еден добро управуван облак се нарекува краем јазол. Сè додека оние компјутери се дел од уште неуправуван облак домаќин, тие претставуваат значаен ризик за целиот облак. Ова е проблем кај краен јазол. Постојат неколку средства за отстранување на овој проблем, но сите тие имаат потреба од влевање верувања на крајниот јазол компјутер[3][4].

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „encarta“. Архивирано од изворникот на 2009-11-01. Посетено на 2011-01-15.
  2. „AskOxford“. Архивирано од изворникот на 2006-04-03. Посетено на 2011-01-15.
  3. „clark.ppt“. Архивирано од изворникот на 2021-08-13. Посетено на 2011-01-15.
  4. „LPS-Public“. Архивирано од изворникот на 2012-09-02. Посетено на 2011-01-15.