Јазична локализација
Јазичната локализација (доаѓа од англискиот збор”лоқале” што во буквален превод значи “место каде нешто се случува или каде нешто е поставено”) е втора фаза од еден подолг процес на превод на производи и нивна културна адаптација (за одредени земји, регионални групи) имајќи ги предвид разликите на различните пазари, процес познат како интернационализација и локализација. Јазичната локализација не е само преведувачка дејност, бидејќи вклучува сеопфатна студија на целната култура со цел правилно да се адаптира производот за локалните потреби. Процесот на локализација главно се однесува на културната адаптација и превод на софтвер, видео игри и мрежни места, ретко на пишан превод (кој исто така може да вклучува процес на културна адаптација). Процесот на локализација може да биде реализиран во региони или држави каде луѓето зборуваат различни јазици или каде што се зборува истиот јазик: на пример различни шпански дијалекти со различни идиоми се зборуваат во Шпанија и Латинска Америка. Исто така, изборот на зборови и идиоми е различен во земјите каде што англискиот јазик е службен јазик (пр. во Америка, Велика британија и Филипините).
Целокупен процес: интернационализација, глобализација и локализација
уредиКако што објаснува Асоцијацијата за локализација на индустриските стандарди, глобализацијата “може подобро да биде разбрана како циклус отколку како еден процес”. Глобализацијата всушност претставува однапред планиран дизајн и развојни методи за одреден производ, имајќи предвид мултикултурна- публика, со цел да се избегне зголемување на трошоците и проблеми со квалитетот, да се заштеди време и да се намалат напорите за локализација за секој регион или држава. Локализацијата е составен дел на целокупниот процес наречен глобализација.
Постојат два основни технички процеси од кои се состои глобализацијата, а тоа се интернационализацијата и локализацијата. Првата фаза, интернационализација, опфаќа плански и подготвителни фази за производ кој е направен со дизајн за поддршка на глобалните пазари. Овој процес ги отстранува сите културни претпоставки, така што специфичните содржини на секоја држава или јазик се зачувани за да бидат полесно адаптирани.
Ако оваа содржина во текот на фазата не биде оддвоена,во текот на локализацијата ќе биде потврдена,па ќе бидат пресметани и времето и трошоците за проектот.Во екстремни случаи,производите кои не поминале низ фазата на интернационализација,нема да можат да битат локализирани.
Втората фаза,локализација, се однесува на завршната адаптација на проиводот наменет за одреден пазар. Процесот на локализација,покрај другите работи, вклучува и четири други прашања: лингвистички, физички, бизнис и културни,како и технички прашања На крајот на секоја фаза се врши испробување и гаранција за квалитет,за да се осигурат дека производот нормално функционира и дека може да ги задоволи очекувањата на клиентот.
Преводот наспроти локализацијата
уредиЛокализацијата обично е претставена како “обичен” превод со користење на висока технологија меѓутоа на тој начин не може да се пренесе важноста и комплексноста на локализација, ниту пак што таа опфаќаили она што е опфатено. Понекогаш е многу тешко да се направи разлика помеѓу превод и локализација. Во принцип, локализацијата се насочува кон значајните, нетекстуални компоненти на производите или услугите. Во споредба со преводот (и притоа граматичките и правописни прашања кои варираат од место во место каде што се зборува ист јазик), процесот на локализација може да содржи и графичко прилагодување и усвојување на локални валути, користење на соодветна форма за датуми, адреси и телефонски броеви, избор на бои и многу други детали, меѓу кои и осмислување на физичката структура на призводот.
Целта на сите овие промени е да се препознае локалната чувствителност, да се избегне конфликтот со локалната култура и навики и влез на локалниот пазар преку спојување на личните потреби и желби. На пример: локализацијата се стреми да понуди специфични мрежни места на истата фирма за секоја земја или различни изданија на книгата во зависност од местото каде книгата е објавена.
Глобализацијата наспроти локализација
уредиАко локализацијата претставува процес на прилагодување на еден производ одредена локација, тогаш глобализацијата го дизајнира производот за да ја намали дополнителната работа што се бара во процесот на локализација. Да претпоставиме дека некој работи за компанија која сега функционира исклучиво во САД. Меѓутоа, компанијата отвора голема канцеларија во Кина и има потреба од мрежно место на кинески јазик. Компанијата ги нуди истите производи и услуги во двете земји, само со некои мали разлики, меѓутоа некои од елементите кои се појавуваат на оригиналното мрежно место и се однесуваат на САД, може да бидат навредливи или со вознемирувачка содржина за Кина (употребата на знамиња, бои, националистички слики, песни итн.) Така, поради мали детали во презентацијата, компанијата може да изгуби одреден пазар.
Исто така, компанијата може да го прилагоди производот според потребите на своите нови купувачи (најдобар пример за тоа би биле видео игрите). Сега, да претпоставиме дека оваа компанија има големи канцеларии во десетина земји, како и потреба од специјално дизајнирани мрежни места во секоја од овие земји. Пред да одлучат како да се локализираат мрежните страници и производите понудени во секоја земја, професионалец во оваа област треба да ја посоветува компанијата за создавање на целокупна стратегија: да се глобализира начинот на кој организацијата делува.
Јазици и кодови
уредиОсновен јазик | Код ISO 639-1 | Јазична варијанта |
en-GB | Британски англиски | |
Англиски | en-US | Американски англиски |
en-CA | Канадски англиски | |
es-ES | Кастилијански шпански (Шпанија) | |
Шпански | es-MX | Мексикански шпански |
es-AR | Аргентински шпански | |
es-CO | Колумбиски шпански | |
Португалски | pt-PT | Европски португалски (Португалија) |
pt-BR | Бразилски португалски |
Наводи
уреди- ↑ „What is Globalization?“. LISA. Romainmôtier, Switzerland: Localization Industry Standards Association. Архивирано од изворникот на 2008-03-24. Посетено на 6 September 2010.
Надворешни врски
уреди- Localization Industry Standard Association (LISA) - They offer an interesting glossary on localization
- Globalization and Localization Association (GALA)
- Localization World Conference
- Worldware Conference Архивирано на 17 февруари 2010 г. - Global Software Strategies
- Localisation Research Centre
- Mozilla Localization Project
- 22 Ideas for Better Game Localization - Tips and ideas on how to improve the localization process for video games
- I18nguy: Internationalization (I18n), Localization (L10n), Standards, and Amusements
- Foreignword Архивирано на 11 октомври 2011 г. - List of translation magazines
- Developing Tips: Language tags Архивирано на 17 мај 2008 г.
- W3C: Internationalization - Language tags in HTML and XML
- Library of Congress List of ISO 639-2 (alpha 3) Language Codes
- LocalVersion - Cross-Platform Localization (Mac, Windows, iPhone)
- Open Translation Tools Архивирано на 20 мај 2011 г. - Live PDF is also available. A good overview of the ecosystem and issues. It was developed as part of Floss Manuals initiative over a three year period 2007-2009.