Ѓурѓовденски песни
Ѓурѓовденски народни песни – календарски обредни песни што се пеат на Ѓурѓовден или непосредно пред празникот и се поврзани со тие обреди. Тоа се песни посветени на билките, оживувањето на природата и сл., кои подоцна попримиле и христијански обележја. Некои песни се однесуваат на берењето билки и на обредното крмење на стоката: Ајде на билје, бела Билјано, / билје да бериш, стадо да крмиш… Други песни го опеваат обичајот нишање (лулање) на дрвјата, што е проследено со многу интимни чувства кај младите: Од гранка, в гранка, ај Ѓурѓе ле, / јунаку в рака…[1]
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 508. ISBN 978-608-203-023-4.