Ѓорги Карамешиноски
Ѓорги Спасев Карамешиноски (1923 во Мешеишта, Охридско — 28 април 1945 во Кајгана) македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиЃорги Спасев Карамешиноски е роден во 1923 година во селото Мешеишта. Се занимавал со земјоделство. Организирано работел во СКОЈ за движењето од 1943 година. Во НОБ стапува на 24 декември 1944 година. Како борец на 2 чета, 2 баталјон во Втората македонска ударна бригада, загинува на Сремскиот фронт кај Кајгана, на 28 април 1945 година.[1]